„Кој Бог е како Ти Кој го проштава беззаконието, Кој го проштава гревот и преминува преку престапите на Остатокот на Своето наследство, Кој не дотраја довека во Својот гнев, туку Тој ужива да искажува милост.“ (Михеј 7,18)
Ние можеме да претпоставуваме дека нашите нозе сега стојат цврсто и дека никогаш нема да бидеме поместени. Можеме со доверба да кажеме: Знам кому му верував; ништо не може да ја поколеба мојата вера во Бога и во неговата Реч. Меѓутоа, сатаната се обидува да ги искористи нашите наследени и стекнати црти на карактерот и да ни ги заслепи очите за да не ги видат нашите потреби и мани. Ние можеме да одиме сигурно само ако сме свесни за нашите слабости и ако постојано гледаме во Исуса. (Копнежот на вековите, стр. 382. оригинал)
Од милост кон светот, Бог во времето на Ное ги уништил неговите расипани жители. Од милост ги уништил грешните жители на Содом. Со измамничката моќ на сатаната престапниците уживаат сочувство и восхит и така постојано ги наведуваат другите на бунт. Така било во деновите на Каин и Ное, како и во времето на Аврам и Лот. Така е и во нашите денови. Само од милост кон вселената на крај Бог ќе ги уништи оние што ја отфрлаат Неговата милост. (Големата борба, стр. 543. оригинал)
Немојте да го слушате непријателот кој ве убедува дека не можете да се вратите кај Хрисга се додека не станете подобри, доволно добри за Бог да може да ве прими. Ако го чекате тој миг никогаш нема да се вратите… Стани и оди кај својот Отец! Тој ќе ти излезе во пресрет. Ако направиш само еден чекор кон Него со покајание, Тој ќе побрза да те прифати во своите прегратки на бесконечната љубов. Неговото уво е отворено за воплите на скршената душа. Нему му е познато и кога твоето срце првпат се свртело кон Бога. (Христови параболи, стр. 205.206. оригинал)