31 мај – Бог казнува помалку отколку што заслужуваме

„И по сè што ни се случи заради нашите лоши дела и заради нашата голема вина, добро е, о наш Боже, што си ги сметал нашите злодела помали отколку што е нивната злоба и што ни го остави Остатоков!“ (Ездра 9,13)

Божјото трпение кон грешните луѓе уште повеќе ги храбри оние што грешат. Но нивната казна нема да биде ниту помалку сигурна ниту помалку страшна затоа што долго се одложува… Иако не ужива во одмаздата, Тој сепак ќе ги казни престапниците на Неговиот закон. Тој е присилен да постапува така за да ги сочува земните жители од целосна изопаченост и пропаст. За некого сепак да го спаси, Бог мора да ги истреби оние што се закоравени во гревот. „Господ е долготрпелив и голема е неговата сила, така што не остава никого без казна“ (Наум 1,3). Иако тоа нерадо го прави, сепак Тој ќе го одржи и ќе го одбрани авторитетот на својот погазен закон со своите страшни дела на правдата кои сведочат за постоењето на ужасните гревови што предизвикуваат Негов гнев и за строгоста и острината на казната што ги очекува престапниците. (Патријарси и пророци, стр. 628. оригинал)

Како и во старите времиња, Тој сесрдно ги повикува заблудените кои се нарекуваат Негов народ да се покаат и да се вратат од своите зли патишта. Сега, како и тогаш, Тој преку своите избрани слуги, ги открива опасностите кои им се закануваат на таквите. Тој предупредува, опоменува и го осудува гревот исто толку строго како и во деновите на пророкот Еремија. Но, Израелците на нашето време се во исто искушение со потсмев да ги презрат, омаловажат, па дури и да ги мразат укорите и советите, како што правел и старозаветниот Израел. Тие премногу често ги затвораат своите уши за да не ги слушнат зборовите на опомена кои Бог ги упатува за добро на оние кои ја исповедаат вистината. Иако Господ во својата милост извесно време ги одложува казните за нивниот грев… Тој нема бесконечно да ја задржува својата рака и беззаконието ќе биде заслужено казнето. (Сведоштва за црквата, вол. 4. стр. 165.166. оригинал)

22 август - Со вера нашите гревови се очистуваат
21 август - Неговата крв е пролеана за мнозина
20 август - Откупени сме со Неговата крв
19 август - Простете и ќе ви биде простено
18 август - Тој нема да се сеќава на нашите гревови
17 август - Јас признавам, и Ти простуваш
16 август - Признавањето води до спасение
15 август - Ако ги признаваме гревовите, Тој е верен да ни ги прости
14 август - Сите гревови, освен еден, ќе бидат простени
13 август - Само Бог може да прости

Pin It on Pinterest