2 јуни – Повторно се раѓаме преку Божјиот збор

„Зашто сте новородени не од распадливо семе, туку од нераспадливото живо и вечно Божјо слово.“ (1. Петрово 1,23)

Младите кои наоѓаат среќа и радост во читањето на Божјата реч и во часовите на молитва, постојано се освежуваат на Изворот на животот. Тие достигнуваат висина на морална возвишеност и широчина на мислите кои другите и не ги насетуваат. Постојаното одржување на заедница со Бога поттикнува добри мисли, благородни намери, јасна претстава за вистината и возвишени цели на делување. Оние кои во душата така се поврзуваат со Него, Бог ги признава како свои синови и ќерки. Тие постојано се издигнуваат сè повеќе и повеќе, стекнувајќи сè појасна претстава за Бога и за вечноста, така што Господ може да ги направи канали на светлината и духовно спознавање за оние кои сè уште се наоѓаат во темнината на заблудата. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 624. оригинал)

Промената на срцето со која стануваме Божји деца во Библијата се нарекува раѓање. На друго место е споредена со ‘ртење на добро семе што го посеал домаќин. Според истата слика, оние кои штотуку се обратиле на Христа треба „како новороденчиња“ во сѐ да „растат“ „кон Оној кој е главата, Христос“… И така од животот на природата се земени слики што ни помагаат да ги разбереме таинствените вистини на духовниот живот. (Патот кон Христа, стр. 67. оригинал)

Ако сакаме да живееме вистински христијански живот, совеста мора да се оживува со постојан допир со Божјата Реч. Сите драгоцени работи кои Бог, по бескрајна цена, ни ги оставил на располагање, нема да ни бидат од никаква корист, нема да нè зацврснат и да поттикнат духовен развој ако не ги присвоме. Мораме да се храниме со Божјата Реч, таа мора да стане дел од нас самите. (Сведоштва за црквата, вол. 7, стр. 195. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest