19 мај – Покајанието на Закхеј

„Закхеј стана и Му рече на Господа: „Еве, Господи, половината од својот имот ќе ја дадам на сиромасите; и ако сум зел од некого нешто несправедливо, ќе вратам четворно.“ (Лука 19,8)

Захеј бил вчудовиден и занемен поради Христовата љубов и љубезност со која се спуштил до него толку недостоен. Сега љубовта и верноста кон новопронајдениот Учител ги отпечатиле неговите усни. Тој јавно ќе го посведочи своето признавање и каење…

Пред да погледне во Христовото лице, Захеј почнал дело со кое покажал дека е вистински покајник. Пред некој да го обвини, го признал својот грев. Го прифатил сведоштвото на Светиот Дух и почнал да ја спроведува поуката на зборовите напишани како за стариот Израел така и за нас. Одамна пред тоа Господ рекол… „Никој од вас нека не му нанесува штета на својот сонародник, туку бој се од својот Бог.“ Овие зборови ги изговорил лично Христос кога бил скриен во столбот од облак и токму првиот одговор на Захеј на Христовата љубов се состоел од покажување на сомилост кон сиромасите и кон оние што страдаат… Ниедно покајание не е вистинско ако не предизвика промена на животот. Христовата праведност не е наметка со која ќе се покриваат непризнатите и неоставените гревови; тоа е животно начело што го преобразува карактерот и управува со однесувањето. Светоста значи целосна припадност на Бога; тоа е целосно предавање на срцето и животот за стан на небесните начела…

Ако сме им нанеле на другите неправда со некоја неправедна деловна постапка, ако сме измамиле во трговијата… треба да го признаеме нашето лошо дело и да ја надоместиме штетата во најголема можна мера. (Копнежот на вековите, стр. 554-556. оригинал)

20 мај - Павловото покајание
19 мај - Покајанието на Закхеј
18 мај - Соломоновото покајание
17 мај - Давидовото покајание
16 мај - Покајанието на Неемија
15 мај - Покајанието на Ездра
14 мај - Јакововото покајание
13 мај - Нема веќе да грешам
12 мај - Не бидете тврдоглави, покорете се
11 мај - Измијте се, очистете се

Pin It on Pinterest