9 октомври – Служете од срце

„Што и да правите, правете го од душата како за Господа, а не за луѓе, знаејќи дека од Господа ќе ја примите наградата на наследството. Служете Му на Господа Христа!“ (Колосјаните 3,23.24)

Твојата служба во Божјото дело мора да биде посесрдна, поцелосна и од сето срце. Не можеш да постигнеш совршенство на христијанскиот карактер, служејќи Му на Бога само тогаш кога за тоа ќе почувствуваш посебна склоност, а занемарувајќи го тоа кога ќе ти се присака. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 215. оригинал)

Тие што заминуваат во Духот на Учителот за да ги запознаат душите со вистината, ќе се уверат дека придобивањето на души за Христа не е ниту малку досадна, неинтересна тешка работа. Тие примиле на себе обврска да работат како Божји повереници и колку поусрдно ќе се посветуваат на Божјата служба, ќе стануваат сè поподготвени. Радосна е службата при која се отвора Светото Писмо пред другите.

Младите мажи и жени треба да се оспособуваат за работници и во најблиската околина и во други места. Со сето срце и со целата своја сила нека се подготвуваат за делото за ова време, посветувајќи и се на онаа работа за која имаат најмногу способности.

Многу млади кои во домот имале правилно воспитување, треба да се подготват за служба и да се поттикнат со добро планирана и верно извршена работа, знамето на вистината да го подигнат во нови места… Тие треба да ги соединат своите напори со напорите на постарите работници, користејќи ја својата способност на најдобар начин и тогаш ќе ги придружуваат небесните ангели. Како Божји соработници, тие имаат предност да пеат, да се молат и веруваат, да работат храбро и бестрашно. (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 118.119. оригинал)

Сите ние треба со сето свое битие да ѝ се посветиме на Божјата служба и да се трудиме таа жртва да ја сториме колку што е можно посовршена. (Патријарси и пророци, стр. 352. оригинал)

18 февруари - Со Неговиот возљубен Син
17 февруари - Го дал својот Син за мојот откуп
16 февруари - Бог управува со настаните
15 февруари - Ослободување од страдање и гнев
14 февруари - Послушност кон Неговата реч
13 февруари - Милост
12 февруари - Љубезност, правда и добрина
11 февруари - Непоколеблива чесност
10 февруари - Оние што ја следат вистината
9 февруари - На Бога Му е угодна молитвата на праведните

Pin It on Pinterest