9 ноември – Тој се грижи за мене

„И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас.“ (1. Петрово 5,7)

Сите кои се наоѓаат во неволја, со кои се постапува неправедно, нека повикаат кон Бога! Напуштете ги оние чиишто срца се тврди како челик, изнесете ги своите барања пред Творецот! Никогаш не е отфрлен ниту еден кој излегол пред Него со скршено срце. Не е загубена ниту една искрена молитва. И среде песните на небесните хорови Бог го слуша викотот на своето најслабо човечко создание. Кога желбите на нашето срце ги излеваме во нашата клет, кога ги искажуваме нашите молби додека одиме по пат, нашите зборови допираат до престолот на Владетелот на вселената. Тие можеби се нечујни за секое човечко уво, но не можат да се загубат во просторот, ниту пак може да ги задуши бучавата на деловните дејности околу нас. Ништо не може да ги задуши барањата на душата. Над уличниот шум, над вревата на мноштвото, тие се издигнуваат кон небесните дворови. Ние му се обраќаме на Бога и Тој ги слуша нашите молитви. (Христови параболи, стр. 174. оригинал)

Не треба да го затемнуваме сопствениот пат, ниту патот на другите, со сенката на нашите искушенија. Имаме Спасител кај кого можеме да одиме, на чие сочувствително уво можеме да му ги кажеме сите наши приговори. Можеме да ги оставиме сите наши грижи и товари кај Него, а тогаш нашата работа нема да изгледа тешка, ниту нашите искушенија сурови… Со практикување на жива вера, можете да се одделите од сè што не е во согласност со Божјата волја и на тој начин да го внесете небото во вашиот живот уште на оваа земја. Правејќи го ова, ќе чувствувате зраци на сончева светлина на секој чекор. Кога непријателот ќе се обиде да ја обвие душата со темнина, пејте за вера и зборувајте за вера, и ќе откриете дека со песната и зборовите сте се одвеле до светлината. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 233)

2 декември - Божјата љубов е неизмерна како небесата
1 декември - Што е човекот?
30 ноември - На Божјиот народ му е ветено излевање на Светиот Дух
29 ноември - Стариот Израел е пример за Божјата грижа
28 ноември - Напредок ветен на остатокот
27 ноември - Извршувањето на Неговата волја осигурува напредок
26 ноември - Нека биде добро на оние што Те љубат
25 ноември - Тој ќе го избави сиромавиот
24 ноември - Нашиот Создател ќе нè откупи
23 ноември - Откупување од гробот

Pin It on Pinterest