9 мај – Божјата добрина води кон покајание

„Или ги презираш: богатството на Неговата благост, кротоста и долготрпеливоста, а не знаеш дека Божјата добрина те води кон покајание?“ (Римјаните 2,4)

Вистина е дека понекогаш луѓето се засрамуваат од своите грешни патишта и дека отфрлаат некои свои лоши навики и пред да станат свесни оти се привлечени кон Христа. Но секогаш кога луѓето се обидуваат да се поправат, со искрена желба да прават добро, на тоа ги поттикнува Христовата сила. Врз душата дејствува влијание за кое не се ни свесни, совеста се буди и во животот настанува видлива промена. И кога Христос ќе ги привлече да го гледаат Неговиот крст, да го посматраат Оној кого го приковале нивните гревови, тогаш заповедите се врежуваат во нивната совест. Им се открива сета злоба на нивниот живот, гревот што длабоко се вкоренил во нивната душа. Во извесна мера почнуваат да ја сфаќаат Христовата праведност и извикнуваат: „Тогаш што е гревот за да биде потребна таква жртва за откуп на неговите робови? Зар навистина била потребна сета таа љубов, сето тоа трпение, сето тоа понижување за ние да не загинеме туку да имаме живот вечен?“

Грешникот може да ѝ се противстави на таа љубов, може да одбие да биде привлечен кон Христа; но ако не се противставува, Исус ќе го привлече; познавањето на планот на спасението ќе го доведе до подножјето на крстот, полн со покајание поради своите гревови што ги предизвикале страдањата на Божјиот мил Син…

Служејќи се и со видливи и со невидливи влијанија, нашиот Спасител е постојано на дело, настојувајќи умот на луѓето да го одврати од грешните уживања што не ситат и да го насочи кон неизмерните благослови што можат да ги добијат во Него. На сите тие души, што напразно се обидуваат да пијат од издупчените извори на овој свет, им е упатена божествена вест: „И кој е жеден ­ нека дојде…“ (Патот кон Христа, стр. 27.28. оригинал)

18 мај - Соломоновото покајание
17 мај - Давидовото покајание
16 мај - Покајанието на Неемија
15 мај - Покајанието на Ездра
14 мај - Јакововото покајание
13 мај - Нема веќе да грешам
12 мај - Не бидете тврдоглави, покорете се
11 мај - Измијте се, очистете се
10 мај - Отстранете го своето беззаконие
9 мај - Божјата добрина води кон покајание

Pin It on Pinterest