9 јуни – Неговите заповеди не се тешки

„Бидејќи љубовта кон Бога се состои во ова: да ги пазиме заповедите Негови, а Неговите заповеди не се тешки.“ (1. Јованово 5,3)

Ние мораме себеси да му се предадеме на Христа, да покажеме доброволна послушност кон сите Негови барања. Целосно, сите способности и таленти што ги имаме, сѐ му припаѓа на Господа и треба да биде посветено на Неговата служба. Кога така исцело ќе му се предадеме себеси Нему, Христос со сето небесно богатство ни се дава нам. Ние добиваме бисер со непроценлива вредност. (Христови параболи, стр. 116. оригинал)

Имај на ум дека пред тебе е можноста да го задобиеш небото и од друга страна, отворен пат кон пропаста која треба да ја избегнеш. Бог го мисли тоа што го кажува. Кога на нашите прародители им забранил да јадат од дрвото за познавање, нивната непослушност ги отворила браните на страдањата кои го преплавуваат целиот свет. Ако ние одиме наспроти Бога, Тој ќе оди наспроти нас. Единствен пат да бидеме безбедни е да сме послушни на сите Негови заповеди, по секоја цена. Сите тие се засновани на бескрајната љубов и мудрост. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 365. оригинал)

Младите треба да бидат водени од цврсти начела, за правилно да ги развиваат способностите што Бог им ги дал. Но младите често ги следат своите нагони – толку многу и толку слепо, без оглед на начелата – така што постојано се изложуваат на опасност. Бидејќи не можат секогаш да имаат водство и заштита од родителите и старателите, потребно е да бидат воспитани на самостојност и самоконтрола. Мора да се научат да мислат и дејствуваат според совесни начела. (Порака до младите, стр.379. оригинал)

Единствено преку силата и преовладувањето на вистината можеме да бидеме осветени и издигнати до вистинското достоинство на стандардот поставен во Речта. Господовиот пат може да се научи само преку највнимателна послушност на Неговата Реч. Проучувај ја Речта. (Порака до младите стр. 390. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest