9 август – Ќе го признаам моето беззаконие

„Јас ги признавам своите беззаконија, и полн сум со жалост заради својот грев.“ (Псалм 38,18)

Драги млади пријатели, она малку време кое ќе пропадне во вашите краткотрајни авантуристички задоволства, донесува жетва која ќе ви го загорчи целиот живот; еден момент на невнимание, едно попуштање на искушението, може целиот ваш живот да го насочи во погрешен правец. Младоста можете да ја имате само еднаш во животот, затоа направете ја корисна. По патот по кој еднаш сте тргнале низ животот, никогаш не можете да се вратите за да ги исправите своите пропусти. Оние кои не одржуваат постојана врска со Бога во молитва и самите се изложуваат на искушенија, неизбежно ќе доживеат пад порано или подоцна. Бог го проверува секој од младите. Својата безгрижност и невнимателност многумина ја оправдуваат со погрешениот пример на таканаречените верници кои се постари и поискусни од нив. Но тоа не би требало никого да заведе од правиот пат. На денот на конечната пресметка нема да можете да се повикувате на вакви изговори како што го правите тоа денес. Ќе бидете осудени затоа што сте го знаеле патот, а сепак не сте сакале да одите по него… Додека некои од младите ги растураат своите сили на суета и лудории, други го дисциплинираат својот ум, собираат знаење, се наоружуваат за животната борба, цврсто решени од таа борба да излезат како победници. Но колку и да вложуваат труд за да се издигнат, тие нема да имаат успех ако својата љубов и своите стремежи не ги сосредоточат на Бога. Ако со сето срце Му се обратат на Господа, отфрлајќи ги ласкањата на оние кои на таков начин се обидуваат да ја ослабнат нивната решеност да продолжат по правиот пат, тие ќе најдат сила и поддршка во Бога. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 622-624. оригинал)

Твоја е одговорноста да ја предадеш својата волја на Христовата волја; и кога ќе го сториш тоа, Бог веднаш ќе те прими и ќе дејствува во тебе и да сакаш и да постапуваш според Неговата добра волја. (Порака до младите, стр. 152. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest