9 aприл – Поклонувајте Му се на Бога

„Возвишувајте Го Господа, нашиот Бог, почитувајте Го во Неговата Света Гора, зашто Господ нашиот Бог, е свет.“ (Псалм 99,9)

Луѓето не стапуваат во заедница со Небото барајќи некоја света гора или храм. Верата не смее да нè ограничи на надворешни облици и обреди. Само верата што доаѓа од Бога води кон Бога. За правилно да му служиме, ние мораме да бидеме родени од божествениот Дух. Тоа ќе го исчисти срцето и ќе го обнови умот, овозможувајќи ни подобро да го запознаеме и повеќе да го сакаме Бога. Тоа ќе ни даде доброволна послушност кон сите негови барања. Тоа е вистинско богослужение. Тоа е плод на дејствувањето на Светиот Дух. Секоја искрена молитва ја обликува Духот и Бог ја прима таа молитва. Секогаш кога душата копнее за Бога, тоа е резултат на дејствувањето на Духот и Бог ќе ѝ се открие на таа душа. Тој бара такви почитатели. Тој чека да ги прими и да ги стори свои синови и ќерки. (Копнежот на вековите, стр. 189. оригинал)

Нашите состаноци за богослужение за нас треба да бидат свети, драгоцени прилики… Не смее да се дозволи нешто што би имало нехристијански карактер. Зар не се собираме за да измолиме милост и проштевање од Господа? Зар Спасителот не рекол јасно: „Зашто, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери“ (Матеј 7,2). Кој може да застане пред Бог и да тврди дека има безгрешен карактер, и чист живот?…

Нашите состаноци треба да бидат интересни. Тие треба да бидат проникнати со небесна атмосфера. На нив не треба да има долги, сувопарни говори, формални молитви, само за да помине времето. Сите треба да бидат подготвени да го извршат својот дел од должностите и после тоа состанокот треба да се затвори… Таквото богослужение ќе му биде угодна и прифатлива жртва на Бога. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 607-609. оригинал)

27 aприл - Не прилагодувајте се на овој свет
26 aприл - Разбудете се
25 aприл - Тргајте се од злото
24 aприл - Внимавајте на Моите зборови
23 aприл - Обратете се кога ви упатувам укор
22 aприл - Бидете благородни
21 aприл - Бегајте од телесните страсти
20 aприл - Учете
19 aприл - Прославете Го Бога
18 aприл - Чувајте го своето срце

Pin It on Pinterest