8 октомври – Добра волја

„Зашто, ако има добра волја, таа е добро дошла според она што има, а не според она што нема.“ (2. Коринтјаните 8,12)

Благословена ќе биде наградата на благодатта за оние кои работеле за Бога во едноставноста на верата и љубовта. Вредноста на службата на Бога се мери според тоа во каков дух се работи, а не со должината на времето кое ќе се помине во работа. (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 74. оригинал)

Не должината на времето што сме го поминале на работа, туку нашата верност кон Бога и нашата подготвеност да работиме за Него придонесуваат она што го правиме да му биде угодно на Бога. Освен тоа, во секоја наша служба се бара искрена и целосна наша преданост на Бога. И најмалечката должност, извршена искрено и несебично, многу му е помила на Бога од најголемата работа што е обележана со себичност. Бог сака да види колку Христов дух покажуваме, колкава сличност со Христа открива нашето дело. Тој повеќе ги сака љубовта и верноста со кои пристапуваме кон делото отколку количесгвото на работата што ќе ја извршиме.

Дури кога ќе исчезне себичноста, кога ќе прекине борбата за првенство, кога срцето ќе се исполни со благодарност, кога љубовта ќе го разубави животот дури тогаш Христос навистина ќе живее во нашето срце и ние ќе бидеме признати како Божји соработници. (Gospel Workers, p. 506, 507)
Рaбoтникoт штo пoкaжувa нeдoстиг нa учтивoст, кoj пoкaжувa нeтрпeливoст зa нeупaтeнoстa и зaстрaнeтoстa нa другитe, кoj збoрувa лeкoмислeнo или рaбoти нeпрoмислeнo, мoжe дa ja зaтвoри врaтaтa нa нeчиe срцe, тaкa штo никoгaш пoвeќe дa нe бидe oтвoрeнa.

Кaкo штo рoсaтa и тивкитe дoждoви пaѓaaт нa жeднитe билки, тaкa трeбa и вaшитe блaги и приjaтeлски збoрoви дa пaѓaaт нa срцaтa нa луѓeтo штo сaкaтe дa ги oдврaтитe oд зaблудaтa. Бoжjиoт плaн e нajнaпрeд дa сe дoпрe дo срцeтo. (Здравје и среќа, стр. 157. оригинал)

23 октомври - Проповедајте го Словото
22 октомври - Затоа одете
21 октомври - Христос дојде да ги повика грешниците
20 октомври - Ќе оправда мнозина
19 октомври - Христовото дело е и наше дело
18 октомври - Христовото дело
17 октомври - Сè ви покажав
16 октомври - Синот Човечки дојде да служи
15 октомври - Христовиот пример
14 октомври - Божјето оружје

Pin It on Pinterest