8 ноември – Тој укорува

„Јас ги укорувам и казнувам оние, кои ги љубам; затоа биди ревностен и покај се!“ (Откровение 3,19)

Господ видел дека треба да се приготвиш за Неговото небесно царство. Тој не дозволил огнот во печката на неволјите да те уништи. Како оној кој го прочистува среброто, Тој те набљудувал и го следел процесот на прочистување сè додека во тебе не го забележал Неговиот лик. Иако често пати си го чувствувал пламенот на страдањето и честопати си мислел дека тој ќе те изгори, Божјото милосрдие кон тебе во тие моменти било исто толку големо какво што било и во оние случаи кога си бил со силен дух и кога си победувал во Него. Огнот имал за задача да прочисти и претопи, а не да уништи. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 269. оригинал)

Затоа да не негодуваме и да не се жалиме што во овој живот не сме ослободени од разочарувања и неволји. Ако во Божјото провидение сме повикани да поднесеме искушенија, треба да го примиме крстот и да ја испиеме горчливата чаша, знаејќи дека Татковата рака ја става на нашите усни. Треба да се надеваме на Него во ноќно време и во ден. Зар не можеме да веруваме дека Тој ќе ни даде сѐ што ни е потребно за наше добро?… Дури и во ноќ на страдања, кога ќе се сетиме за љубовта која е покажана кон нас на крстот на Голгота, како можеме да одбиеме да го подигнеме своето срце и својот глас во благодарност и величење на Господа? (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 316. оригинал)

Дури и откако светиите ќе бидат запечатени со печатот на живиот Бог, Неговите избраници ќе имаат лични искушенија. Ќе дојдат лични неволји; но печката е внимателно надгледувана од око кое нема да дозволи златото да биде уништено. Неизбришливиот Божји знак е врз нив. Бог може да се повика на тоа дека Неговото име е испишано на нив. Господ ги има под своја заштита. (Testimonies to Ministers, p. 446)

2 декември - Божјата љубов е неизмерна како небесата
1 декември - Што е човекот?
30 ноември - На Божјиот народ му е ветено излевање на Светиот Дух
29 ноември - Стариот Израел е пример за Божјата грижа
28 ноември - Напредок ветен на остатокот
27 ноември - Извршувањето на Неговата волја осигурува напредок
26 ноември - Нека биде добро на оние што Те љубат
25 ноември - Тој ќе го избави сиромавиот
24 ноември - Нашиот Создател ќе нè откупи
23 ноември - Откупување од гробот

Pin It on Pinterest