8 јуни – Блажени се оние што ги творат Неговите заповеди

„Блажени се оние што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите.“ (Откровение 22,14)

Верната послушност на Божјите барања има изненадувачко влијание врз издигнување, развој и зајакнување на сите човекови способности. Оние кои уште во младоста му се посветиле на служење на Бога, се покажуваат како луѓе со здрав разум и остроумност. И зошто да не биде така? Заедништвото со најголемиот Учител што светот некогаш го познавал ја зајакнува умствената способност, го просветлува умот и го очистува срцето – го издигнува, усовршува и облагородува целиот човек.

Меѓу младите кои се изјаснуваат како побожни, постојат мнозина кои, на прв поглед, го негираат ова тврдење. Тие не напредуваат ни во знаење ни во духовност. Нивните способности закржлавуваат, наместо да се развиваат. Но зборовите на псалмистот се вистинити само кога станува збор за вистински христијанин. Мртвото слово не е тоа што дава светлина и разбирање, туку Речта кога ќе ја отвориме и примениме во срцето преку Светиот Дух. Кога човекот е вистински преобратен, тој станува Божји син, учесник во божествената природа. Не само што срцето се обновува, туку и умот се зајакнува и оживува. Постојат многу примери на луѓе кои пред своето обраќање биле сметани за просечни, па дури и со слаби способности, но кои по обраќањето биле целосно преобразени. Тогаш пројавувале извонредна способност да ги разбираат вистините на Божјата Реч и да ги пренесуваат на другите…

Бог ќе направи големо дело за младите, ако тие, со помош на Светиот Дух, ја примат Неговата Реч во срцето и ја применат во својот живот. (Порака до младите, стр. 65.66. оригинал)

12 септември - Трезвеност, побожност 
11 септември - Чиста совест
10 септември - Искреност
9 септември - Одлуката на ученикот
8 септември - Ќе Му служиме на Господа
7 септември - Бог сака скрушено срце
6 септември - Служи Му на Бога доброволно
5 септември - Откажете се од сè заради Него
4 септември - „Ги свртувам нозете мои“
3 септември - Кој има добра желба?

Pin It on Pinterest