8 јули – Бог ќе ги заштити Своите избраници

„Та Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, кои викаат кон Него, дење и ноќе, имајќи трпение со нив? Ви велам, ќе ги одбрани скоро. Но, кога ќе дојде Човечкиот Син, ќе најде ли вера на земјата?“ (Лука 18,7.8)

Бог во сите времиња му помагал на својот народ и го ослободувал преку своите свети ангели. Небесните суштества секогаш имале живо учество во животот и во работата на луѓето. Ангелите се појавувале во облека што блескотела како молња или доаѓале облечени како патници. Тие им се јавувале во човечки лик на Божјите луѓе. На пладне се одморале под дабја како да се уморни, прифаќале гостопримство на човечките домови. Ноќе како водичи им служеле на задоцнети патници. Со свои раце палеле оган на олтар. Отворале врати на затвори и изведувале на слобода Божји слуги. Наметнати со небесен сјај дошле да го отстранат каменот од гробот на Спасителот. (Големата борба, стр. 631. оригинал)

Спасителот ќе ни прати помош токму тогаш кога таа ќе ни биде потребна. Патот кон небото е посветен со Неговите стапки. Секој трн што ја ранува нашата нога, ја ранил Неговата. Секој крст што сме повикани да го носиме ние, го носел Тој пред нас. Господ дозволува борби за да ја приготви душата за мир. Времето на големата неволја е страшно огнено искушение за Божјиот народ; но за секој вистински верник тоа е време да го подигне погледот и со вера да го види виножитото на ветувањето што е над него. (Големата борба, стр. 633. оригинал)

Точно е полноќ кога Бог ја открива својата моќ да го ослободи својот народ… Среде гневното небо се гледа едно место на неопишана слава од каде што доаѓа Божјиот глас како бучава на силни води, изјавувајќи: „Се сврши!“ (Големата борба, стр. 636. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest