8 декември – Ништо не е тешко за Тебе

„‘О, Господи, Господи! Ти ги создаде небото и земјата со голема сила, со подигната рака! Тебе ништо не Ти е невозможно!“ (Еремија 32,7)

Кога земјата излегла од рацете на својот Творец, била совршено убава. Нејзината површина била украсена со гори, со ритчиња и со рамнини, меѓу кои жубореле прекрасни реки и се простирале пријатни езера. Меѓутоа, ритчињата и горите не биле карпести ниту стрми и немале страшни забести провалии и ужасни понори, какви што има денеска. Страните на планинските венци биле прекриени со плодоносна почва на која насекаде буело зеленило и плодни растенија. Немало одвратни мочуришта и неплодни пустини. Каде и да се запрел погледот, прекрасни грмушки и милно цвеќе го пречекувале со поздрав. Височинките биле покриени со шуми чиишто стебла биле многу повеличествени од кој и да е вид дрво кое воопшто постои денеска. Воздухот бил чист и здрав и во него немало ниту траги од заразни испарувања…

Кога била создадена земјата со сето изобилство на животинскиот и растителниот свет, на сцената е изведен човекот круна на Божјото создавање, суштество на кое земјата со сиот свој сјај и му била наменета… Овде јасно се гледа потеклото на човечкиот род, а божествениот извештај е составен така јасно, што не постои можност да се изведат погрешни заклучоци… Оној што го распрострел ѕвезденото небо над нас, кој ги одржува световите во просторот и со својата вешта рака му дава бои на полското цвеќе, кој небото и земјата ги исполнил со чудеса на својата моќ кога сакал да го круниса своето прекрасно дело на создавањето не пропуштил да создаде едно суштество достојно за раката која му го подарила животот и да го постави за господар над земјата која била толку убава и неизвалкана… Иако создаден од прав, Адам бил „Божји син“. (Патријарси и пророци, стр. 44.45. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest