8 август – Бог ја знае мојата безумност

„Боже, Ти ја знаеш мојата безумност, не Ти се скриени моите гревови.“ (Псалм 69,5)

Можеме да си ласкаме себеси дека не сме толку зли како другите; но ако имаме некои силни карактерни особини, а само една слаба точка, сè уште постои заедништво меѓу гревот и душата. Срцето е разделено во својата служба и вели: „Малку од себеси и малку од Тебе.“ Божјото дете мора да го открие омилениот грев кому му попуштал, и да му дозволи на Бога да го отсече од неговото срце. Мора да го надмине тој еден грев; зашто тоа не е мала работа во очите на Бога.

Некој ќе рече: „Воопшто не сум љубоморен, но се провоцирам и кажувам лоши зборови, иако секогаш ми е жал потоа.“ Друг ќе рече: „Да навистина, ја имам оваа или онаа слабост, но ја презирам подлоста каква што ја покажува некоја личност што ја познавам.“ Господ не ни дал список со гревови по ранг, за да можеме некои да ги сметаме за безначајни и да велиме дека прават мала штета, а други да ги сметаме за поголеми и многу поопасни.

Синџирот не е посилен од неговата најслаба алка. Можеме да го прогласиме синџирот како добар во целост, но ако една алка е слаба, не може да се смета за сигурен… Тие нетрпеливи зборови што треперат на твоите усни мора да останат неизговорени. Таа мисла дека твојот карактер не е правилно проценет од другите мора да се отфрли; зашто ја слабее твојата влијателност и прави другите помалку да те почитуваат. Треба да ја надминеш идејата дека си маченик и да се потпреш на ветувањето на Христос, Кој вели: „Доволна ти е Мојата благодат.“ (Порака до младите, стр. 91. оригинал)

19 август - Простете и ќе ви биде простено
18 август - Тој нема да се сеќава на нашите гревови
17 август - Јас признавам, и Ти простуваш
16 август - Признавањето води до спасение
15 август - Ако ги признаваме гревовите, Тој е верен да ни ги прости
14 август - Сите гревови, освен еден, ќе бидат простени
13 август - Само Бог може да прости
12 август - Испитај ме и познај го срцето мое
11 август - Светиот Дух осведочува
10 август - Ги знам моите престапи

Pin It on Pinterest