8 aприл – Бог мора да ја има вашата согласност

„Господ ми е сила, Тој е мој штит; моето срце се надеваше на Него и Тој ми помогна; затоа ми се весели срцето и со песни ќе Го славам.“ (Псалм 28,7)

Напоредно со проповедањето на евангелието, работат и посредници на лажните духови. Многу луѓе од љубопитство тајно соработуваат со нив, но кога ќе видат докази за дејствување на натчовечка сила, сè повеќе се примамени, додека не бидат подвластени на волјата што е посилна од нивната. Тие не можат да се ослободат од нејзината таинствена сила.

Одбраната на душата е скршена. Таа нема никаков браник против гревот. Кога еднаш ќе се отфрлат ограничувањата на Божјата реч и неговиот Дух, никој не знае до кои длабини на понижување може да потоне. Тајниот грев или страста што завледеала со него може да го држи како роб толку беспомошен, како што бил опседнатиот од зол дух во Капернаум. Но сепак, неговата состојба не е безнадежна.

Средството со кое можеме да го совладаме искушувачот е исто она со кое го победил Христос -со силата на Речта. Бог не управува со нашите умови без наша согласност; ако сакаме да ја дознаеме и да ја исполнуваме Неговата волја, Неговите ветувања стануваат наши: „Ќе ја запознаете вистината и вистината ќе ве ослободи“. „Оној што сака да ја исполнува Неговата волја, ќе знае дали ова учење е од Бога“ (Јован 8,32; 7,17). Со вера во овие ветувања, секој човек може да биде ослободен од стапиците на заблудите и од власта на гревот.

Секој човек има слобода да ја избере силата што ќе владее со него. Никој не паднал толку ниско, никој не е толку лош за да не може да најде ослободување во Христа. Опседнатиот од лоши духови, наместо молитва, можел да изговори само зборови на сатаната, па сепак, неискажаната молба на срцето била исполнета. Ниеден вик на душата во неволја, иако не е изразен со зборови, нема да остане невослишен. Оние што ќе се согласат да стапат во заветен однос со небесниот Бог, не ѝ се препуштени на сатанската сила или на слабостите на сопствената природа. Нив Спасителот ги повикува: „Нека дојде под моја закрила, нека склучи мир со мене; нека склучи мир со мене“ (Исаија 27,5). Духовите на темнината ќе се борат за душата што порано била под нивна власт, но Божјите ангели ќе се борат за таа душа со сила што ќе победи. Господ вели: „Може ли на јунакот да му се одземе пленот? Може ли на победникот да му побегне заробеникот? Да, вака вели Господ: ’На јунакот ќе му се одземе пленот, на победникот ќе му побегне заробеникот. Јас ќе се спорам со оние што ќе се спорат со тебе, и јас ќе ги избавам твоите деца’“ (Исаија 49,24.25). (Копнежот на вековите, стр. 258.259)

22 декември - Поглед на другите светови
21 декември - Станови за откупените
20 декември - Обновениот Едем
19 декември - Чистење на Земјата
18 декември - Редовите на откупените
17 декември - Работата на откупените во текот на милениумот
16 декември - Затворање на сатаната
15 декември - Дејствувањето на ангелите откриено
14 декември - Проучувањето ќе трае цела вечност
13 декември - Радоста на Божјите наследници

Pin It on Pinterest