8 јануари – Кротките

„А бедните пак ќе се радуваат во Господа, најбедните ќе Му воскликнуваат на Израелевиот Светец.“ (Исаија 29,19)

Кротоста е драгоцена особина, тоа е подготвеност мирно и без мрморење да се поднесуваат страдања и неволји, подготвеност да се издржат искушенијата. Кротоста е трпеливо настојување да бидеме ведри и среќни под сите околности. Оној кој ја поседува, кротоста го наведува секогаш и за сè да му биде благодарен на Господа. Кротоста го прави човекот подготвен да поднесе и разочарување и неправда, а сепак да не копнее по одмазда. Кротоста не значи да се биде молчалив и зловолен. Мрзоволноста е спротивност на кротоста, бидејќи само ранува и нанесува болка на другите, а сама себеси не си донесува никакво задоволство. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 335. оригинал)

Оној кој има кротост и понизност нема секогаш да трага по сопствената среќа туку ќе копнее во целосен заборав на себе да наоѓа најслатко задоволство во настојувањето да ги усреќи другите. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 536. оригинал)

Откупителот на светот имал природа повозвишена од ангелската, но сепак, во Неговата божествена величественост биле соединети кротоста и понизноста, а тоа ги привлекувало луѓето кон Него… Христовата кротост, покажана во домот, ќе ги усреќи сите домашни; таа не предизвикува кавга, не враќа налутено, туку го смирува раздразнетиот темперамент и зрачи со благост што ја чувствуваат сите оние кои се наоѓаат во делокругот на нејзиното дејство. Секое земно семејство во кое се негува кротоста, се соединува со големото семејство на небото. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 16. оригинал)

18 февруари - Со Неговиот возљубен Син
17 февруари - Го дал својот Син за мојот откуп
16 февруари - Бог управува со настаните
15 февруари - Ослободување од страдање и гнев
14 февруари - Послушност кон Неговата реч
13 февруари - Милост
12 февруари - Љубезност, правда и добрина
11 февруари - Непоколеблива чесност
10 февруари - Оние што ја следат вистината
9 февруари - На Бога Му е угодна молитвата на праведните

Pin It on Pinterest