7 септември – Бог сака скрушено срце

„Смирениот дух е жртва на Бога, нема да го презреш, Боже, понизното и покајничко, срце.“ (Псалм 51,17)

Строгото сведоштво мора да се врати во живот. Патот кон небото денес не е ништо полесен отколку што бил во времето на Спасителот. Мораме да се откажеме од сите свои гревови, сите склоности кои го спречуваат верскиот живот. Мораме да ја отсечеме десната рака и да го извадиме десното око доколку ни пречат… Дали сме подготвени да ја отфрлиме својата самоправедност и да го напуштиме своето световно друштво?… Дружењето со секоја личност, колку и да е ограничено, има влијание на нас. До кој степен ќе бидеме под ова влијание зависи од степеност на блискост, од тоа дали постојано сме во нејзино друштво, како и од тоа колку ја сакаме и почитуваме таа личност. Така запознавајќи се и дружејќи се со Христа ние можеме да станеме слични на Него, Кој е совршен пример. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 222.223. оригинал)

Никакви надворешни обреди не можат да нѐ направат чисти, никаков обред извршен од човек, па тој да е и најсветиот, не може да го замени крштевањето со Свети Дух. Божјиот Дух мора да дејствува на срцето…

Христовиот Дух ќе се открие во сите оние кои се родени од Бога. Меѓу луѓето, со кои владее Неговиот Дух, не може да дојде до раздор и несогласувања…

Малку е корисно површното зборување за верата, молењето за духовен благослов без вистинска глад на душата и жива вера. Зачуденото мноштво кое се туркало околу Христа не чувствувало никаква сила од допирот со Него. Но кога напатената жена во својата неволја ја испружила раката за да се допре до работ на Христовата облека, ја почувствувала Неговата исцелителна сила. Тоа бил допир на верата. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 227. оригинал)

12 септември - Трезвеност, побожност 
11 септември - Чиста совест
10 септември - Искреност
9 септември - Одлуката на ученикот
8 септември - Ќе Му служиме на Господа
7 септември - Бог сака скрушено срце
6 септември - Служи Му на Бога доброволно
5 септември - Откажете се од сè заради Него
4 септември - „Ги свртувам нозете мои“
3 септември - Кој има добра желба?

Pin It on Pinterest