7 октомври – Ние сме Божји соработници

„Ние сме соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божја зграда.“ (1. Коринтјаните 3,9)

Тој сака да нè употреби тебе и мене, како и секое човечко суштество кое ќе се посвети на Неговата служба, ако се потчиниме на Неговото водство. Секој треба да стои на својата стражарска кула, слушајќи будно што му зборува Духот, имајќи на ум дека секој негов збор и секоја постапка оставаат впечаток не само врз неговиот карактер, туку и врз карактерот на оние со кои е поврзан…

Бог секој ден работи на Неговото здание, вградувајќи камен по камен, додека тоа не стане совршено, така што може да преставува свет храм за Него. Човекот мора да соработува со Бога. Секој работник треба да стане токму тоа што Бог му го наменил, изградувајќи го својот живот со чисти, благородни дела, за на крајот неговиот карактер да стане хармонична градба, прекрасен храм, ценет и од Бога и од луѓето. Во таа градба, бидејќи е Господова, не смее да има ниедна пукнатина. Секој камен мора да биде точно поставен, за да го издржи товарот што ќе дојде врз него. Еден погрешно поставен камен влијае на целата градба. Бог те предупредува и тебе и секој друг работник: „Внимавај како градиш, за твојата градба, основана на вечната Карпа, да ја издржи пробата на бурите и искушенијата.“ (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 172.173. оригинал)

На секој човек му е дадена „негова работа“, работа која е прилагодена на неговите способности, работа која ќе му донесе најмногу добро и нему и на неговите ближни, и најмногу ќе го прослави Бога.

Така нашата работа, или професија, станува дел од големиот Божји план и сѐ додека ја извршуваме во согласност со Неговата волја, Тој самиот е одговорен за последиците. (Воспитување, стр. 138. оригинал)

23 октомври - Проповедајте го Словото
22 октомври - Затоа одете
21 октомври - Христос дојде да ги повика грешниците
20 октомври - Ќе оправда мнозина
19 октомври - Христовото дело е и наше дело
18 октомври - Христовото дело
17 октомври - Сè ви покажав
16 октомври - Синот Човечки дојде да служи
15 октомври - Христовиот пример
14 октомври - Божјето оружје

Pin It on Pinterest