7 мај – Жалоста која е по Бога носи покајание

„Зашто, жалоста по Бога донесува покајание за спасение – за кое не се кае, а жалоста на светов донесува смрт.“ (2. Коринтјаните 7,10)

Бог ни ја открива нашата вина, за да можеме да најдеме засолниште во Христа, со Негова помош да се ослободиме од ропството на гревот и да се радуваме во слободата на Божјите деца. Со вистинско покајание можеме да дојдеме во подножјето на крстот и тука да го оставиме нашето тешко бреме…. За да ја отстрани нечистотијата и грубоста од нашиот карактер, Бог се служи со неволјите на животот. Процесот на сечење, делкање, длабење, мазнење и брусење кое тие го вршат, предизвикува болка. Не е лесно да се биде притиснат под тркалото на точилото. Но така каменот се подготвува за местото што треба да го заземе во небесниот храм. Мајсторот не би работел грижливо и темелно на некој безвреден материјал. Тој ги мазни само драгоцените камења, за да можат да се вградат во палатата.

Господ ќе им помогне на сите оние кои се надеваат во Него. Луѓето кои имаат вера ќе постигнат драгоцени победи. Тие ќе научат драгоцени поуки и ќе стекнат драгоцени искуства. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 10.11 оригинал)

Христос е наш сочувствителен, милосрден Откупител. Со Неговата сила мажите и жените стануваат силни да му се спротивстават на злото. Кога обратениот грешник ќе го посматра гревот, тој ја сфаќа целата негова одвратност. Тој се чуди зошто порано не му пристапил на Христа. Тој увидува дека мора да ги совлада своите недостатоци, дека својот апетит и страстите мора да ги потчини на Божјата волја и да стане соучесник во божествената природа, победувајќи ја расипаноста, која постои во светот среде попуштањето на телесните желби. Откако се покајал за своите престапи на Божјиот закон, тој ревно се трудел да го победи гревот. Тој се труди да ја открие силата на Христовата благодат и доаѓа во личен допир со Спасителот. (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 151 оригинал)

2 декември - Божјата љубов е неизмерна како небесата
1 декември - Што е човекот?
30 ноември - На Божјиот народ му е ветено излевање на Светиот Дух
29 ноември - Стариот Израел е пример за Божјата грижа
28 ноември - Напредок ветен на остатокот
27 ноември - Извршувањето на Неговата волја осигурува напредок
26 ноември - Нека биде добро на оние што Те љубат
25 ноември - Тој ќе го избави сиромавиот
24 ноември - Нашиот Создател ќе нè откупи
23 ноември - Откупување од гробот

Pin It on Pinterest