7 јули – Бог ќе ве заштити

„Барајте Го Господа, сите скромни на земјата, сите кои ги извршувате Неговите закони! Барајте ја правдата, барајте ја смиреноста: можеби вие ќе бидете заштитени во денот на Господовиот гнев.“ (Софонија 2,3)

Бурата доаѓа, и ние мора да се подготвиме за нејзиниот бес со покајание кон Бога и вера во нашиот Господ Исус Христос. Господ ќе се подигне за силно да ја потресе земјата. Ќе гледаме неволји од сите страни. Илјадници бродови ќе бидат фрлени во длабочините на морето. Флоти ќе потонат, а човечки животи ќе бидат жртвувани во милиони. Пожари ќе избувнуваат ненадејно, и ниту еден човечки напор нема да може да ги изгасне. Палатите на земјата ќе бидат збришани во бесот на огновите.

Несреќите со возови ќе стануваат сè почести; конфузија, судири и смрт без ни најмало предупредување ќе се случуваат на големите патнички правци. Крајот е близу, времето на проба се затвора. О, да го бараме Бога додека може да се најде, да повикаме кон Него додека е близу! (Пораки до младите, стр. 89. оригинал)

Да не даде Бог да престанам да ве предупредувам. Млади пријатели, барајте го Бога со сето свое срце! Доближете се до Него најсесрдно и кога ќе станете свесни дека без Негова помош сигурно ќе пропаднете, кога ќе копнеете по Него како што еленот копнее по студен извор, тогаш Тој брзо ќе ви притекне во помош и ќе ве засили. Ќе го пронајдете мирот „што го надвишува секој ум.“ Ако навистина сакате да бидете спасени, мора да се молите. Најдете време за тоа. Не брзајте, не бидете површни и невнимателни во своите молитви. Молете се на Бога да изврши во вас потполна промена за да можете да носите духовни родови и да блескате како запалени светилки во овој свет. Не станувајте пречка и проклетство за Божјото дело кога можете да бидете од помош и на благослов. Ако сатаната ви шепоти дека не можете да бидете спасени, не му верувајте. (Сведоштва за црквата, вол. 1, стр. 159. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest