7 aприл – Сатаната не може да ве присили да згрешите

„Тогаш Исус му рече: ‘Оди си, сатано, зашто е напишано: На Господа, твојот Бог, ќе Му се поклонуваш и ќе Му служиш само Нему!’“ (Матеј 4,10)

Искушувачот никогаш не може да нè присили да правиме зло. Тој не може да управува со умовите ако не се стават под негова контрола. Пред сатаната да ја примени својата сила врз нас, волјата мора да се согласи, верата мора да се откаже од своето надевање во Христа. Меѓутоа, секоја грешна желба што ја негуваме му овозможува упориште. Секоја точка во која не го постигнуваме божественото мерило претставува отворена врата низ која може да влезе да нè искушава и да нè уништи. Секој пропуст или пораз од наша страна му дава можност да му приговара на Христа.

Кога сатаната го наведувал ветувањето: „Им заповеда на своите ангели за тебе“, ги изоставил зборовите „да те чуваат на сите твои патишта“, односно на сите патишта што ги одбрал Бог. Исус одбил да скршне од патот на послушноста. Покажувајќи совршена доверба во својот Отец, Тој не сакал доброволно да се стави во положба во која би било потребно неговиот Отец да се вмеша за да го спаси од смртта. Тој би го присилил Провидението да дојде на помош и со тоа да пропушти на луѓето да им даде пример на доверба и покорност.

Исус му објавил на сатаната: „Напишано е: ‘Не искушавај го својот Господ Бог’“. Овие зборови им ги изговорил Мојсеј на синовите Израелови кога биле жедни во пустината и кога барале Мојсеј да им даде вода, извикнувајќи: „Дали е Господ меѓу нас или не?“ (Излез 17,7). Бог за нив дејствувал чудесно, но сега, во неволја, се посомневале во Него и барале доказ дека Тој е со нив. Во своето неверство сакале Бога да го стават на проба. Сатаната го присилувал Христа да постапи на ист начин. Бог веќе посведочил дека Исус е Негов Син; а сега, да се бара доказ дека Тој е Божји Син, би било проверување на Божјата реч – искушавање на Бога. Така тоа би било кога би се барало она што Бог не го ветил. Тоа јасно би покажало недоверба и навистина би било проверување или искушавање на Бога. Ние нема да му ги изнесуваме нашите молби на Бога за да проверуваме дали ќе ја исполни својата реч, туку затоа што ќе ја исполни; не да проверуваме дали нè сака, туку затоа што нè сака. „А без вера не е можно да му се угоди на Бога, зашто оној што сака да му пристапи на Бога, мора да верува дека постои Бог и дека ги наградува оние што го бараат“ (Евреите 11,6).

Меѓутоа, верата во никоја смисла не е соединета со некаква претпоставка. Само оној што има вистинска вера е заштитен од претпоставки, или нагаѓања, зашто нагаѓањето е сатанско искривоколчување на верата. (Копнежот на вековите, стр. 125.126 оригинал)

22 декември - Поглед на другите светови
21 декември - Станови за откупените
20 декември - Обновениот Едем
19 декември - Чистење на Земјата
18 декември - Редовите на откупените
17 декември - Работата на откупените во текот на милениумот
16 декември - Затворање на сатаната
15 декември - Дејствувањето на ангелите откриено
14 декември - Проучувањето ќе трае цела вечност
13 декември - Радоста на Божјите наследници

Pin It on Pinterest