7 јануари – Оној што Му верува на Бога

„Кој внимава на зборот, наоѓа добро, и кој се надева на Господа, блажен е.“ (Пословици 16,20)

Само кога би сакале да слушаме, Божјите дела на создавањето би ни пружиле драгоцени поуки за послушноста и довербата. Од ѕвездите, кои на своите невидливи патеки низ просторот од век во век патуваат во одредена насока, па сѐ до најмалечкиот атом ­ сѐ во природата ѝ се покорува на волјата на својот Творец. А Бог се грижи за сѐ и одржува сѐ што создал. Оној кој во својата рака ги држи безбројните светови во бесконечниот простор, истовремено се грижи за потребите на малечкиот сив врабец кој безгрижно ја пее својата едноставна песничка. Небесниот Отец нежно бдее над сите ­ над луѓето што одат на својата секојдневна тешка работа и над оние што се молат; над оние што навечер одат на починка и над оние што стануваат наутро; над богатиот, кој се гоштава во својата палата, и над сиромавиот кој ги собира своите деца околу скудната трпеза. Нема пролеана солза што Бог не ја видел. Нема насмевка што Тој не ја забележал.

О, кога наполно би верувале во тоа, би се ослободиле од сите непотребни грижи! Нашиот живот не би бил толку полн со разочарувања како што е сега, зашто сите наши грижи, и малечки и големи, би му ги предале во раце на Бога, кого не го збунува нивното мноштво ниту го преоптоварува нивната тежина. Тогаш ние би уживале душевен мир што мнозина веќе долго не го почувствувале. (Патот кон Христа, стр. 86. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest