7 февруари – Бог се радува поради својот избран народ

„Не ќе те наречуваат веќе Оставена, ни твојата земја Запустена, туку ќе те викаат Моја Милина, а твојата земја -Венчана, зашто ти си Господова милозливост, и твојата земја ќе има сопруг.“ (Исаија 62,4)

Ако бидеме верни и послушни, Бог ќе ни се радува и ќе нè благослови како свој избран народ.(Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 693. оригинал)

Господ својот народ го соединил со Себе со свечен завет и ветил дека ќе биде негов Бог, а народот се обврзал дека ќе му припаѓа Нему, само Нему. Тој вели: „ќе те свршам довека за себе, ќе те свршам во правда, во добрина и во милост“ (Осија 2,19). И повторува: „Јас сум ваш маж“ (Еремија 3,14). И Павле го употребува истиот израз во Новиот завет кога кажува: „Ве свршив со еден маж за да ве приведам како чиста девица пред Христа“ (2. Коринтјаните 11,2). (Големата борба, стр. 381. оригинал)

„Ќе те викаат ’Моја Радост‘, а твојата земја ќе биде ’Моја Невеста‘, зашто Вечниот наоѓа радост во тебе, и твојата земја повторно ќе биде омажена. Како што момче се жени со девојка, така твојот Основач се жени со тебе; и како што младоженецот ѝ се радува на својата невеста, така твојот Бог ќе ти се радува тебе.“ (Исаија 62,4.5. според преводот на Мофат)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest