„Блазе му на човекот, што ја нашол мудроста и на човекот, кој го придобил разумот.“ (Пословици 3,13)
Мудроста не се наоѓа ниту по пат на истражувања на земјината внатрешност, ниту во залудното настојување да се проникне во тајните на Божјото суштество. Таа се наоѓа во понизното прифаќање на откровенијата кои Нему му било угодно да ни ги даде и во прилагодувањата на животот на Неговата волја. (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 280. оригинал)
Оние што копнеат по знаење за да им биде на благослов на ближните, и самите ќе примат благослов од Бога. Проучувањето на неговата Реч ќе ги поттикне нивните умни сили на сериозна дејност. (Христови параболи, стр. 334. оригинал)
Никој нека не помислува дека нема веќе знаење што би можел да го стекне. Длабината на човечкиот интелект може да се измери; делата на човечките автори можат да се надминат; но ниту највисокиот, најдлабокиот и најширокиот полет на мечтата не може да го најде Бога. Зад границите на она што можеме ние да го сфатиме се простира уште цела една друга бесконечност. Ние сме го виделе само мижуркањето на божествената слава, почетоците на бесконечното знаење и мудрост; ние сме работеле, ако така може да се каже, само на површината од рудникот во чијашто длабина се крие богатата златна жила за да го награди оној што ќе копа длабоко да ја најде. Во рудникот мора да се копа сѐ додека не се допре до величественото богатство. Ако поседуваме вистинска вера, божественото знаење ќе стане наше, човечко знаење. (Христови параболи, стр. 113. оригинал)
„Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога.“ (Јаков 1,5)
Нашиот небесен Отец е извор на животот, на мудроста и радоста. (Патот кон Христа, стр. 9. оригинал)
