6 септември – Служи Му на Бога доброволно

„А ти, сине мој Соломоне, познај Го Бога, својот Татко, и служи Му со сето срце и со драговолна душа, зашто Господ ги испитува сите срца и ги знае сите мисли и намери; ако Го бараш, ќе биде најден од тебе; ако Го оставиш, ќе те отфрли засекогаш.“ (1. Летописи 28,9)

Ако сакаме да го достигнеме тој возвишен идеал, мора да го жртвуваме сето она што може да предизвикува препнување на душата. За да нѐ задржи во своја власт, гревот се служи со нашата волја. Потчинувањето на волјата е прикажано со вадење на окото или отсекување на раката. Често ни се чини дека покорувањето на нашата волја на Бога значи да се сложиме да го поминеме животот осакатени и обезличени. Но подобро е, кажува Христос, нашето јас да биде осакатено, рането или куцо, ако тоа овозможи да влеземе во животот. Она кое го сметаме како најголема несреќа, тоа е всушност вратата на најголемиот благослов…

Бог може да ни подари живот единствено ако својата волја ја потчиниме на Неговата. Само кога себеси ќе му се предадеме на Бога, примаме живот од Него и можеме да бидеме во состојба, кажува Исус, да ги совладаме оние скриени гревови на кои Тој ни укажува… Ако се потпирате само на себеси и одбивате својата волја да му ја покорите на Бога, вие се определувате за смрт. За гревот, каде и да се наоѓа, Бог секогаш е оган што изгорува. Ако го изберете гревот и одбивате да се откажете од него, Божјата присутност која го уништува гревот, ќе ве уништи и вас. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 61.62. оригинал)

Потребно е секој ден да пиеш од Изворот на вистината, за да ја запознаеш тајната на задоволството и радоста во Господа. Но мораш да имаш на ум дека твојата волја е извор на сите твои дела… Ти не можеш да го следиш Христа… ако не одлучиш да му се покоруваш на Бога. Божјо дете не можат да те направат твоите чувства, туку извршувањето на Божјата волја. Ако твојата волја ја потчиниш на Божјата волја, можеш да станеш корисен во животот. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 515. оригинал)

12 септември - Трезвеност, побожност 
11 септември - Чиста совест
10 септември - Искреност
9 септември - Одлуката на ученикот
8 септември - Ќе Му служиме на Господа
7 септември - Бог сака скрушено срце
6 септември - Служи Му на Бога доброволно
5 септември - Откажете се од сè заради Него
4 септември - „Ги свртувам нозете мои“
3 септември - Кој има добра желба?

Pin It on Pinterest