6 ноември – Божјото поучување е благослов

„Блажен е човекот, кого Ти го поучуваш, Господи, и го учиш на Својот Закон.“ (Псалм 94,12)

Ние нашите намери, желби и склоности не би можеле сами да ги доведеме во хармонија со Бога, но „ако сме подготвени“, Спасителот ќе го изврши тоа за нас. Тогаш ќе можеме „да ги рушиме мудрувањата и сѐ што се крева против познавањето на Бога, плениме секоја мисла за послушност на Христа“. Оној што сака да изгради силен и хармоничен карактер и да биде добро урамнотежен христијанин, мора да даде и да стори сѐ за Христа, зашто Откупителот не прима поделена служба. Тој секој ден мора да учи што значи целосно самопотчинување. Мора трудољубиво да ја проучува Божјата реч, да ја истражува нејзината смисла и да биде послушен кон нејзините прописи… Од ден на ден Бог ќе работи со него и ќе го усовршува неговиот карактер за да може да опстане за време на конечната проверка. И верникот со својот живот секој ден и пред луѓето и пред ангелите прикажува благороден пример за тоа што може да стори евангелието за паднатите човечки суштества. (Делата на апостолите, стр. 482.483. оригинал)

Но, кога ќе дојде неволја, колкумина од нас се слични на Јаков! Мислиме дека е тоа раката на непријателот и во темнината слепо се бориме сѐ додека не ја изгубиме силата и секоја надеж за утеха и избавување… Бог не сака да останеме притиснати со болката што нѐ тишти, со рането и скршено срце. Тој сака својот поглед да го подигнеме горе и да го гледаме Неговото мило лице полно со љубов. Драгиот Спасител стои крај мнозина чиишто очи се толку заматени со солзи што дури и не го забележуваат. Тој копнее да нѐ земе за рака, да нѐ поттикне да гледаме во Него со детска доверба и да му дозволиме да нѐ води. Неговото срце е секогаш отворено за нашите длабоки таги, за нашите жалости и неволји. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 11.12. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest