6 мај – Ќе си спомнете на своите зли патишта

„И тогаш ќе си спомните за своите лоши патишта и неправди, и сами ќе се замразите себеси заради своите беззаконија и гадости.“ (Езекиел 36,31)

Никакви формални обреди не можат да ја заменат едноставната вера и целосното отфрлање на својата стара непреобратена природа, своето старо јас. Меѓутоа, никој не е во состојба целосно да се ослободи од својата стара природа. Ние единствено можеме да се потпреме врз Христа Тој да ја изврши таа промена во нас. Тогаш нашата душа ќе зборува: Господе, земи го моето срце, зашто јас не можам да ти го дадам! Тоа е твоја сопственост. Сочувај го од расипаност, зашто јас не можам да го сочувам за тебе! Спаси ме наспроти самиот мене, наспроти мојата слаба, нехристијанска стара природа! Обликувај ме, промени ме, подигни ме во чистата и света небесна атмосфера, така што низ мојата душа да можат да потечат изобилните количества на Tвојата љубов!

Ова отфрлање на старата природа на човекот не се случува само на почетокот на неговиот христијански живот. Тоа мора да се повторува на секој чекор од неговото напредување кон небото. Сите наши добри дела зависат од силата што се наоѓа надвор од нас. Затоа нашето срце постојано мора да го досегнува Бога; затоа мораме непрекратно, сериозно и искрено да ги признаваме нашите гревови и со понизно срце да излегуваме пред Него. Само ако непрестајно ја отфрламе нашата стара природа и ако постојано се потпираме врз Христа, ние ќе можеме спокојно да продолжиме да чекориме по патот кој води кон небото.

Колку поблизу пристапуваме до Христа, колку појасно ја согледуваме чистотата на Неговиот карактер, се појасно ја препознаваме прекумерната грешност на гревот и помалку ќе сакаме да се извишуваме себеси. Секако, оние што небото ги признава за свети, последни се кои ќе ја истакнуваат својата добрина… При секој нов чекор во нашето христијанско искуство, нашето покајание ќе се продлабува. Токму на оние на кои им простил, на оние што ги признал како свој народ, Господ им кажува: „И тогаш ќе си спомнете за своите лоши патишта и неправди, и сами ќе се замразите себеси заради своите беззаконија и гадости“. (Христови параболи, стр. 159.160. оригинал)

. (Патот кон Хриса, стр. 70.71)

18 мај - Соломоновото покајание
17 мај - Давидовото покајание
16 мај - Покајанието на Неемија
15 мај - Покајанието на Ездра
14 мај - Јакововото покајание
13 мај - Нема веќе да грешам
12 мај - Не бидете тврдоглави, покорете се
11 мај - Измијте се, очистете се
10 мај - Отстранете го своето беззаконие
9 мај - Божјата добрина води кон покајание

Pin It on Pinterest