6 jули – Бог ја слуша молитвата на обесхрабрените

„Веќе помислував, во својата тревога: ‘Отфрлен сум од Твојот поглед.’ Но Ти го чу гласот на мојата молба, кога Те повикав.“ (Псалм 31,22)

Не обесхрабрувај се затоа што твоето срце ти изгледа како да е тврдо. Секоја пречка, секој внатрешен непријател, само ја зголемува твојата потреба од Христос. Тој дојде да го отстрани каменото срце и да ти даде срце од плот. Барај од Него посебна благодат за да можеш да ги надминеш своите слабости… Повикај го драгиот Спасител за помош да го жртвуваш секој идол и да се одвратиш од секој омилен грев. Нека окото на верата Го види Исуса како стои пред престолот на Таткото, ги покажува своите ранети раце додека се моли за тебе. Верувај дека силата доаѓа до тебе преку твојот скапоцен Спасител. (Пораки до младите, стр. 112. оригинал)

Првото противење на молбата на Светиот Дух го подготвува патот за второто противење. Така срцето се стврднува, а совеста затапува.

Од друга страна, секое противење на искушението го прави следното противење полесно. Секое одрекување од себеси го прави следното одрекување полесно. Секоја добиена победа го подготвува патот за нова победа. Секоја отпорност кон искушението, секое самоодрекување, секој триумф над гревот е семе посеано за вечен живот. Секоја несебична постапка дава нова сила на духовноста… Со раширени раце Тој чека да го пречека блудниот син. Оди кај Него и раскажи Му за своите грешки и неуспеси. Замоли Го да те зајакне за нови напори. Тој никогаш нема да те разочара, никогаш нема да ја злоупотреби твојата доверба. Ќе дојде неволја врз тебе, но на тој начин Господ ги отстранува грубостите од твојот карактер. Не роптај. Со негодување ја правиш пробата потешка. Почести Го Бога со радосно подложување. Трпеливо издржи го притисокот. (Пораки до младите, стр. 96, 97. оигинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest