„Само, ете, тоа го открив дека Бог го создаде човекот едноставен и добар, но тој самиот си создава проблеми.“ (Проповедник 7,29)
На човекот му било доделено да биде Божја слика и според надворешниот изглед и според карактерот. Единствено Христос е „сјај на славата” (Евреите 1,3) на битието на Отецот додека човекот е создаден според Божјиот лик. Неговата природа била во целосна хармонија со Божјата волја. Неговиот ум бил во состојба да го сфати она што е божествено. Склоностите му биле чисти; разумот владеел над неговите желби и страсти. Чувствувал среќа и светиња во тоа што на себе го носел Божјиот лик и што живеел во полна хармонија со неговата волја. {ПП 45.2}
Кога излегол од рацете на својот Творец, Адам имал висока става и совршени размери. Лицето му било румено, оддавајќи здравје и озарено од светлина на живот и радост. Бил многу повисок од луѓето што живеат денеска на земјата. Ева била малку пониска, но сепак со величествена става и многу убава. Безгрешната брачна двојка немала на себе вештачка облека; тие биле наметнати со плашт на светлина и слава, со облека каква што носат и ангелите. Со таа облека на светлина биле облечени сѐ додека му биле послушни на Бога… На Адама лично Бог му дал животен сопатник… Ева била создадена од едно Адамово ребро, што покажува дека таа не можела да владее над него како глава, а и да не биде подредена, газена под нозе, туку да стои крај него како рамноправна и да биде од него сакана и заштитувана. (Патријарси и пророци, стр. 45.46. оригинал)
Сѐ додека се придржувале кон Божјите закони, нивната способност на сфаќање, способноста да се радуваат и да сакаат, постојано се зголемувала. Кога би останале верни, тие постојано би пронаоѓале нови ризници на сознанија, нови извори на среќа и сѐ појасна и појасна претстава за неизмерната и неисцрпна Божја љубов. (Патријарси и пророци, стр. 51. оригинал)
