6 февруари – Ќе ме направи свој сведок

„Ама на Господа само вашите татковци му омилеа, и после нив ве избра вас, нивните потомци, меѓу сите народи, како што е и денес.“ (Второзаконие 10,15)

Бог сакал Својот израелски народ да го направи достоен за слава и пофалба. Нему му биле дадени сите духовни предности. Бог не им скратил ништо што би можело да биде од корист за изградување на карактерот со кој би го претставувале Него.

Нивната послушност на Божјите закони би ги направиле чудо на напредокот пред сите народи на светот. Оној кој можел да им подари мудрост и вештина во сите работи и понатаму би бил нивен Учител и би ги облагородил и издигнал преку потчинување на Неговите закони. Ако биле послушни, би биле сочувани од болестите кои ги унесреќувале другите народи и би биле благословени со сила и енергија на умот. Божјата слава, Неговото величество и моќ би се манифестирале во нивниот напредок. Тие би биле царство на свештеници и кнезови. Бог ги надарил со сите можности да станат најголема нација на светот. (Сведоштва за црквата, вол. 6. стр. 221.222. оригинал)

Негова намера била преку Израел да ги надари со богати благослови сите народи. Преку Израел требало да биде подготвен патот за ширење на светлината на целиот свет. (Сведоштва за црквата, вол. 6. стр. 221. оригинал)

„Неговата слава е во добрата на неговите деца; Неговата радост во нежното татковство“. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 77. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest