5 септември – Откажете се од сè заради Него

„Да живеете достојно за Бога, Кој ве повикува во Своето Царство и слава.“ (1. Солнјаните 2,12)

„Така и ниеден од вас, кој нема да се откаже од сè што има, не може да биде Мој ученик.“ (Лука 14,33)

Бог не влијае со сила врз волјата на своите созданија. Тој не може да прифати почит која не е доброволна и не е дадена свесно. Изнудената покорност ќе спречи секаков вистински развиток на умот или карактерот; таа од човекот би создала обичен автомат. Не е таква намерата на Творецот… Предавајќи му се себеси на Бога, ние мораме безусловно да го отфрлиме сето она што би можело да нѐ одвои од Него… Мораме да се откажеме од сѐ што би можело нашето срце да го одврати од Бога. Мамонот е идол на мнозина. Љубовта кон парите и желбата за богатство се златен синџир што ги врзува со сатаната. Други обожаваат углед и световна чест. Животот, исполнет со себично безделничење и неоптоварен со одговорности, е идол на трети. Но овие ропски окови мора да се раскинат. Не можеме половично да му припаѓаме на Господа, а половично на светот. Ние не сме Божји деца ако не сме тоа потполно…

Кога Христос живее во срцето, душата се исполнува со Неговата љубов и се радува што ужива Негова заедница и единство со Него. Тогаш, гледајќи го Него, ќе заборави на себе. Љубовта кон Христа ќе биде извор на дејствување… Признавањето на Христа без таква длабока љубов е празно прикажување, сув формализам, тежок јарем.

Мислите ли дека да му се предаде на Христа сѐ е премногу голема жртва? Прашајте се самите себеси: „Што дал Христос за мене?“ (Патот кон Христа, стр. 43-45. оригинал)

Бог ќе те стави на проби повторно и повторно сè додека со понизно срце и дух не ја издржиш Неговата проверка и во потполност не се посветиш на работата и службата за Него. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 214. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest