5 јули – Тој ги знае нашите потреби

„И така, не бидете како нив, зашто вашиот Татко знае што ви е потребно, уште пред да Го помолите.“ (Матеј 6,8)

И сам Исус, додека престојувал меѓу луѓето, често одел на молитва. Нашиот Спасител се изедначил со нас во нашите потреби и слабости и со тоа станал понизен и сесрден молител кој од својот Отец бара нова сила за да може да продолжи понатаму, оспособен и за должноста и за искушението. Тој е наш пример во сѐ. Тој е брат во нашите слабости, „искушан во сѐ, како и ние“; но, како безгрешен, се гнасел од гревот; Тој претрпел душевни борби и страдања во светот полн со грев. Како човек молитвата ја сметал за своја потреба и за свое предимство. Тој во разговорот со својот Отец наоѓал утеха и радост. Значи, ако Спасителот на луѓето, Божјиот Син, чувствувал потреба од молитва, колку повеќе слабите и грешни смртници би морале да бидат свесни за неопходноста од сесрдна, постојана молитва!

Нашиот небесен Отец чека да го излее врз нас изобилството свои благослови. Наше предимство е што можеме обилно да пиеме од изворот на бескрајната љубов. Зар тогаш не е чудо што толку малку се молиме! Бог е готов и страден да чуе искрена молитва од своето најскромно дете, но сепак е очигледно дека ние се притеснуваме да му ги изнесеме нашите потреби. Што можат да мислат небесните ангели за бедните беспомошни човечки суштества кои се соочуваат со искушенија, за суштествата спрема кои Божјето срце чувствува безгранична љубов и е готово да им подари повеќе отколку што би можеле да бараат и да замислат, а кои толку малку се молат и имаат толку малку вера? (Патот кон Христа, стр. 93.94. оригинал)

Молитвата е отворање на срцето пред Бога како пријател. Не затоа што би било неопходно да му откриеме што сме, туку да се оспособиме себеси да го примиме. Молитвата не го спушта Бога кај нас, туку нас нѐ издигнува кон Него. (Патот кон Христа, стр. 93. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest