„Ти си Единствен, Господи! и го создаде небото, и небесата над небесата, и нивната војска, земјата и сè што е на неа, морињата и сè што е во нив. Ти го оживуваш сè тоа, и небесните војски Ти се клањаат Тебе.“ (Неемија 9,6)
Најефективниот начин да се поучат незнабошците кои не го знаат Бога е преку Неговите дела. На овој начин, многу полесно отколку со кој било друг метод, тие можат да ја сфатат разликата помеѓу нивните идоли, делата на нивните раце, и вистинскиот Бог, Творецот на небото и земјата… Едноставноста и чистотата на овие лекции, земени директно од природата, ги прави од најголема вредност не само за незнабошците туки и за останатите. Децата и младите, учениците од сите возрасти, имаат потреба од лекциите што треба да се извлечат од овој извор. Самата убавина на природата ја води душата подалеку од гревот и светските привлечности, и кон чистота, мир и Бога.
Поради оваа причина, обработката на почвата е добра работа за децата и младите. Таа ги доведува во директен контакт со природата и Богот на природата. И за да ја имаат оваа предност, треба да има во нашите училишта, колку што тоа е можно, големи цветни градини и доволно земја за обработка… Во светот на природата, Бог го ставил во рацете на луѓето клучот за отклучување на ризницата на Неговата Реч. Невидливото е илустрирано преку видливото; божествената мудрост, вечната вистина, бесконечната милост, можат да бидат сфатени преку работите што Бог ги создал… Нека умот се развие до својот максимален капацитет, а физичките сили да се обучат за практичните должности во животот. Но, поучете ги и дека Бог го направил овој свет убав бидејќи ужива во нашата среќа; и дека поубав дом се подготвува за нас во светот каде што нема да има повеќе грев. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 186-188)
