5 август – Посрамени сме

„Да легнеме во својот срам, нека нè покрие нашето засрамување! Зашто на Господа, својот Бог, Му згрешивме, ние и нашите татковци, од својата младост до денешниот ден, и не го слушаме гласот на Господа, нашиот Бог.“ (Еремија 3,25)

Бог не може да прими признавање без искрено покајание и поправање. Мора да се видат решителни промени во животот; сѐ што го навредува Бога мора да биде отфрлено. Тоа ќе биде последица на вистинската жалост поради гревот. Делото што сами ние мора да го извршиме јасно ни е откриено: „Измијте се, исчистете се“…

Кога гревот ќе ја умртви моралната чувствителност, оној што прави зло не ги увидува недостатоците на својот карактер ниту пак ја сфаќа стравотијата на злото што го сторил; и, ако не ѝ се покори на силата на Светиот Дух која осведочува, ќе остане делумно слеп спрема својот грев. Неговите признавања не се искрени ниту сериозни. Кон секое признавање на својата вина тој додава оправдување како изговор за своето однесување, тврдејќи дека никогаш не би го сторил она за што е обвинет кога не би го присилиле на тоа одредени околности. (Патот кон Христа, стр. 39.40. оригинал)

Никој не живее само за себе. Гревот на еден човек донел срам, пораз и смрт на многумина во Израел…

Разните гревови кои ги прават и одобруваат и оние кои за себе тврдат дека се христијани го навлекуваат Божјиот гнев на црквата. Во денот кога небесните книги ќе се отворат, Судијата нема да мора со зборови да ја изразува вината на престапникот, туку ќе биде доволно да упати само еден продорен поглед и секое дело и секоја трансакција во животот ќе оживее во сеќавањето на сторителот. За престапникот нема да мора, како во деновите на Исус Навин, да се трага од племе до семејство, туку тој со сопствени усни ќе го признае својот срам, својата себичност, алчност, нечесност, лага и измама. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 493. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest