4 септември – „Ги свртувам нозете мои“

„Размислувам за Твоите патишта и ги свртувам нозете мои кон Твоите уредби.“ (Псалм 119,59)

Староста никогаш не може да биде изговор за неисполнување на она што Бог го бара од нас. Нашата вера треба да биде плодна со добри дела, „бидејќи верата без дела е мртва.“ Секоја совесно извршена должност, секоја жртва поднесена во Христово име донесува награда. Во самиот чин на должност Бог зборува токму за извршувањето на должностите и на тоа Тој го дава Својот благослов. Но Тој бара сите свои способности да Му ги посветиме Нему. Вистински христијани можеме да бидеме само ако со сите свои мисли, со сето свое срце и со целото свое битие Му се предадеме Нему.

Бог на човекот не му ускратува ништо од она со што би можел себеси да си обезбеди неминливо богатство. Тој ја облекол земјата со убавина и ја снабдува со изобилство од сè што му е потребно на човекот за време на неговиот земен живот. Тој го дал и својот Син да умре за откуп на светот кој паднал поради лудоста на гревот… Бог бара да се покоруваме на Неговиот закон со задоволство и без никакво условување; меѓутоа, луѓето спијат како парализирани од измамите на непријателот, кој им сугерира секакви изговори и им подметнува сомнежи како и на Ева во градината, кога ѝ рекол: „Нема да умрете.“ Непослушноста не само што ја отапува совеста на престапникот и неговото срце го прави уште понечувствително, туку има тенденција и на другите да им ја слабее верата. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 145.146. оригинал)

Можеме ли да си допуштиме себеси да продолжиме по сопствениот пат, оттргнувајќи се од Божјите раце само затоа што тоа повеќе одговара на желбите на непрепороденото срце? Бог бара совршено потчинување и совршена послушност. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 218. оригинал)

Како што цветот се врти кон сонцето за со своите блескави зраци да придонесе кон усовршување на неговата убавина, така младите треба да се свртуваат кон Сонцето на правдата за да ги осветли со небесна светлина. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 445. оригинал)

12 септември - Трезвеност, побожност 
11 септември - Чиста совест
10 септември - Искреност
9 септември - Одлуката на ученикот
8 септември - Ќе Му служиме на Господа
7 септември - Бог сака скрушено срце
6 септември - Служи Му на Бога доброволно
5 септември - Откажете се од сè заради Него
4 септември - „Ги свртувам нозете мои“
3 септември - Кој има добра желба?

Pin It on Pinterest