4 декември – Распнатите небеса ја покажуваат Неговата моќ

„Единствено Тој ги распнува небесата и само Тој оди по морската широчина. Ги создаде Мечката, Орионот и Плеадите, и соѕвездијата на јужното небо.“ (Јов 9, 8.9)

Додека Библијата треба да го заземе првото место во образованието на децата и младите, книгата на природата е следна по важност. Божјите создадени дела сведочат за Неговата љубов и моќ. Тој го повикал светот во постоење, со сè што тој содржи. Бог е љубител на убавото; и во светот што го подготвил за нас, Тој не само што ни дал сè што е потребно за нашата удобност, туку ги исполнил небесата и земјата со убавина. Ние ја гледаме Неговата љубов и грижа во богатите полиња на есента, а Неговата насмевка во ведрото сонце. Неговата рака ги создала карпите слични на замоци и високите планини. Величествените дрвја растат по Негова заповед; Тој го проширил зелениот кадифен килим на земјата и го испрскал со грмушки и цвеќиња.

Зошто ја облекол земјата и дрвјата во жива зелена боја, наместо во темна, мрачна кафеава? Зарем не е тоа за да бидат попријатни за окото? И зарем нашите срца не треба да бидат исполнети со благодарност додека ги читаме доказите за Неговата мудрост и љубов во чудата на Неговото создавање?

Истата креативна енергија која го донела светот во постоење сè уште се употребува за одржување на универзумот и за продолжување на животот на природата. Раката Божја ги води планетите во нивното уредно патување низ небесата. Не е поради вродена моќ што од година во година земјата го продолжува своето движење околу сонцето и ги произведува своите благодати… Преку Неговата моќ вегетацијата напредува, се појавуваат лисјата и цветаат цвеќињата.

Целиот природен свет е осмислен за да биде толкувач на Божјите нешта. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 185.186)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest