4 јануари – Бидејќи Тој царува

„Небесата нека се веселат и земјата нека воскликнува; нека се зборува меѓу незнабошците: ‘Господ царува!’“ (1. Летописи 16,31)

Човечкиот род кој сатаната го смета за свој и со кој господари како свиреп тиранин, Божјиот Син го прегрнал со едно величествено и големо дело на љубовта и повторно го поврзал со Господовиот престол. Херувимите, серафимите и безбројните чети на сите безгрешни светови пееле славопои на Бога и Јагнето кога оваа победа била извојувана. Се радувале што патот за спасение на паднатиот род е пронајден и што Земјата ќе биде откупена од проклетството на гревот. Колку повеќе треба да се радуваат оние што се предмет на оваа чудесна љубов! (Мисли од гората на блаженствата, стр. 104. оригинал)

Со топла желба цело небо го очекувало крајот на Неговото задржување на светот понижен со проклетството на гревот. Настапило времето сега вселената да го прими својот Цар…

Со неискажлива радост кнезовите, поглаварите и силите ја признале врховната власт на Кнезот на животот… Кон музиката на ангелските харфи се придружиле победнички песни така што се чинело дека небото е прелеано со радост и похвала. Љубовта победила. Загубениот е најден. Небото одѕвонува од гласови на возвишени песни што објавуваат: „На Оној, кој седи на престолот, и на Јагнето, благослов, чест, слава и власт за вечни векови“.

Од оваа сцена на небесна радост, нам на земјата ни се вра­ќаат како одглас прекрасните Христови зборови: „Се враќам кај мојот Отец и кај вашиот Отец, кај мојот Бог и вашиот Бог“. Небесното и земното семејство се едно. Нашиот Господ се вознел за нас и живее за нас. (Копнежот на вековите, стр. 832-835. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest