4 февруари – Бог се радува кога Го барам Спасителот

„Господи, благоволи да ме избавиш; Господи, побрзај да ми помогнеш!“ (Псалм 40,13)

Спасителот копнее да ја открие својата милост кон светот и да го проникне со својот карактер. Тој е негова откупена сопственост и сака луѓето да ги направи слободни, чисти и свети. Иако сатаната настојува да ја спречи оваа намера, сепак, со крвта пролеана за светот ќе се извојуваат многу победи што ќе му донесат слава на Бога и на Јагнето. Христос нема да биде задоволен сè додека победата не биде целосна и додека не „се насити со нејзиното спознание“ (Исаија 53,11). (Копнежот на вековите, стр. 827.828. оригинал)

Обесхрабрена душо, охрабри се, иако си живеела во грев! Немој да мислиш дека Бог можеби нема да ти ги прости престапите и да се сомневаш дека нема да ти дозволи да се најдеш во Негово присуство! Бог го презел првиот чекор. Додека сѐ уште си се наоѓала во состојба на бунт против Него, Тој се упатил да те бара! Со нежно срце на пастир оставил деведесет и девет и пошол во дивината да ја најде онаа што се загубила. Душата, повредена и ранета, на работ на смртта, ја зема во прегратките на својата љубов и радосно ја носи во сигурното засолниште на своето трло. (Христови параболи, стр. 188.189. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest