4 март – Емануел, „Бог со нас“, дошол

„Воскликнувај и радувај се, Сионска Ќерко, зашто еве, доаѓам да престојувам сред тебе.“ (Захарија 2,10)

“Ќе го наречат Емануел,… Бог е со нас”…

Бог му заповедал на Мојсеја за Израел: „Нека ми направат светилиште за да престојувам меѓу нив“ (Излез 25,8) – и Бог престојувал во светилиштето, среде својот народ. Во текот на целото нивно заморно талкање низ пустината, симболот на Неговото присуство бил со нив. Така Христос својот шатор го поставил среде нашиот човечки логор. Тој својот шатор го подигнал покрај нашите шатори за да може да се насели меѓу нас и да нѐ запознае со својот божествен карактер и живот. „Речта стана тело кое се всели меѓу нас. И ние ја гледавме неговата слава – славата што ја има како единороден од Отецот – полн со милост и вистина“ (Јован 1,14).

Откако Исус дошол да живее меѓу нас, знаеме дека Бог ги познава нашите искушенија и сочувствува со нас во нашите жалости. Секој Адамов син и ќерка може да сфати дека нашиот Творец е пријател на грешниците, зашто во секоја наука за милоста, во секое ветување за радоста, во секое дело на љубовта, во секоја божествена привлечна сила што се покажала во животот на Спасителот на земјата, ние гледаме дека „Бог е со нас“. (Копнежот на вековите, стр. 19. 24. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest