31 декември – Овие зборови се верни и вистинити

„И ми рече: „Зборовиве се верни и вистинити, и Господ Бог на пророчките духови го испрати Својот ангел, за да им покаже на Своите слуги што има да стане скоро.“ (Откровение 22,6)

Во најмрачните денови од својата долга борба против злото, Божјата црква добивала откровенија за вечните Божји намери. На Неговиот народ му било овозможено да ѕирне зад завесата на неволјите во сегашноста кон победата во иднината, кога борбата ќе биде завршена и откупените ќе ја наследат ветената земја. Овие визии за идната слава – сцени исцртани од Божјата рака – треба да бидат скапоцени за Неговата црква денес, кога вековната борба брзо се ближи кон својот крај и кога ветениот благослов наскоро во целост треба да се исполни… Црквата во завршниот судир мора да влезе заштитена со оклопот на Христовата праведност. „Убава како месечина, чиста како сонце, страшна како војска со знамиња“, таа мора да тргне по целиот свет да надвладее и победи. (Пророци и цареви, стр. 722-725. оригинал)

Пророците, на кои им биле откривани овие величествени сцени, копнееле во целост да го разберат нивното значење. Тие „бараа и испитуваа… испитувајќи во какво или во кое време им јавуваше Христовиот Дух однапред… Ним им беше откриено дека тие не служат за самите себе туку за нас со она што ви се јави сега вам“…

Подигнете го погледот, гледајте горе и вашата вера нека станува сѐ посилна. Нека таа вера ве води по тесниот пат и нека ве однесе – низ вратата на Божјиот град – во величествената бескрајна и славна иднина што таму ги очекува откупените. (Пророци и цареви, стр. 731.732. оригинал)

1 јануари - Бог нè повикува секогаш да се радуваме
31 декември - Овие зборови се верни и вистинити
30 декември - Во сабота сите ќе Му се поклонуваат на Бога
29 декември - Диви ѕверови нема да му наштетат на никого
28 декември - Ќе уживаме во делата на нашите раце
27 декември - Ќе градиме куќи
26 декември - Човекот ќе биде обновен
25 декември - Нема да има веќе смрт
24 декември - Што подготвува Бог за оние што Го љубат
23 декември - Нема да има никакво проклетство

Pin It on Pinterest