31 август – Праведност исполнета во Него

„Но Исус му одговори и рече: „Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.” Тогаш Јован се сложи.“ (Матеј 3,15)

Исус крштавањето не го примил како признавање на некоја своја сопствена вина. Тој се идентификувал со грешниците, правејќи чекор што треба ние да го преземеме и извршувајќи работа што мораме ние да ја свршиме. Неговиот живот, исполнет со страдања и со стрплива истрајност по крштавањето, исто така е пример за нас.

Кога излегол од водата, на брегот на реката Исус ја наведнал главата на молитва. Пред Него се отворал нов и значаен период. Тој сега на поширока сцена влегувал во својот животен судир. Иако бил Кнез на мирот, Неговото доаѓање мора да прилега на потегање на меч… Никој на земјата не го разбирал и во текот на својата служба Тој и понатаму морал да оди сам. Во текот на целиот Негов живот, Неговата мајка и браќа не ја сфаќале Неговата мисија. Дури и Неговите ученици не го разбирале. Тој живеел во вечна светлина, еднаков со Бога, но својот живот на земјата морал да го помине во осаменост… Сам морал да ја разгази патеката, сам морал да го носи товарот. Врз Него, кој ја оставил својата слава и ги прифатил слабостите на човечкиот род, мора да лежи товарот за откуп на светот. Тој сето тоа го видел и го чувствувал, но Неговата цел останала непоколебана. Од Неговите мишки зависело спасението на паднатиот род и Тој ја подал својата рака за да ја пофати раката на семожната Љубов. (Копнежот на вековите, стр. 111. оригинал)

Исус можел да остане крај својот Отец. Тој можел да ја задржи небесната слава и почитувањето од ангелите. Меѓутоа, Тој решил да го врати жезолот во рацете на Отецот и да слезе од престолот на вселената за да може да им донесе светлина на оние што се во мрак и живот на оние што гинат. (Копнежот на вековите, стр. 23. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest