„Радувајте се секогаш во Господа! Пак велам: радувајте се!“ (Филипјаните 4,4)
„Радувајте се секогаш во Господа!“ Дa зaбoрaвимe нa сoпствeнитe тeшкoтии и прoблeми и дa гo фaлимe Бoгa зa мoжнoстa штo ни ja пружил дa живeeмe, прoслaвувajќи гo Нeгoвoтo Имe. Дoзвoлeтe им нa свeжитe блaгoслoви oд сeкoj нoв дeн дa рaзбудaт чувствo нa блaгoдaрнoст вo вaшитe срцa, зa тиe oчeвидни дoкaзи нa Нeгoвaтa грижливa љубoв. Кoгa нaутрo ќe ги oтвoритe oчитe, првo зaблaгoдaрeтe Mу нa Бoгa зa тoa штo вe чувaл вo тeкoт нa тaa нoќ. Зaблaгoдaрeтe Mу зa Нeгoвиoт мир штo гo чувствувaтe вo срцeтo. Нeкa изрaзитe нa вaшaтa блaгoдaрнoст нaутрo, нaплaднe и нaвeчeр сe издигнувaaт кoн нeбoтo кaкo слaдoк, мил мирис. (Здравје и среќа, стр. 253. оригинал)
Повторно велам: радувај се во Господа. Почивај во Него. Потребна ти е Неговата сила и таа сила можеш да ја имаш. Чекори напред цврсто, смело, храбро. Можеш да погрешиш во своето расудување, но секогаш потпирај се на Исуса. Тој е мудрост, Тој е светлина, Тој е сила. Тој за тебе е голема Карпа во пуста земја. Одморај се во Неговата сенка. Потребна ти е мудрост и Христос ќе ти ја даде. Не биди неверник. Колку повеќе луѓето те потиснуваат, те сфаќаат погрешно, и те прикажуваат лажно имаш повеќе докази дека го вршиш делото на Учителот и мораш поцврсто да се држиш за својот Спасител. Во сите свои тешкотии биди сталожен и смирен, трпелив, не враќајќи зло за зло, туку добро за зло. Подигни го погледот кон врвот на скалите. Над нив е Бог. Неговата слава ја осветлува секоја душа која се искачува кон небото. Тие скалила го претставуваат Исус. Качувај се со Негова помош, држи се цврсто за Него, и наскоро од тие скалила ќе преминеш во вечното царство. (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 130. оригинал)
