„Тој ги остави воловите, потрча по Илија и рече: ‘Дозволи ми да ги прегрнам татка си и мајката, па ќе тргнам по тебе.’ Илија му одговори: ‘Оди, врати се, зашто што ти направив?’“ (1. Цареви 19,20)
Тоа не било одбивање, туку искушување на верата. Елисеј мора да размисли, мора сам да одлучи дали ќе го прифати или одбие повикот. Ако неговите желби се врзани само за неговиот дом и ползата што произлегува од тоа – може слободно да остане таму. Меѓутоа, Елисеј го разбрал значењето на повикот. Знаел дека повикот е од Бога и не се двоумел да го послуша. За ништо на светот не би го пропуштил предимството да стане Божји гласник, ниту, пак, би ја жртвувал можноста да биде во друштво со Неговиот слуга.
Тој „зеде рало волови, ги закла и, откако го запали плугот на воловите, го испече месото нивно и им го раздели на луѓето, и тие јадеа. А самиот тој стана и тргна по Илија и почна да му служи“ (1. Цареви 19, 20.21). Без никакво колебање го напуштил домот во кој бил сакан, за да може да му помага на пророкот во неговиот живот полн со неизвесности.
Ако Елисеј го прашал Илија што се очекува од него – што ќе биде негова работа – би добил подготвен одговор: Бог знае, Тој ќе ти разјасни. Доколку чекаш на Господа, Тој ќе одговори на секое твое прашање. Појди со мене ако си убеден дека те повикал Бог! Самиот мораш да се увериш дека Бог стои зад мене и дека го слушаш Неговиот глас! Ако можеш да се откажеш од сѐ само за да ја стекнеш Божјата благонаклоност, тогаш тргни! (Пророци и цареви, стр. 220.221. оригинал)
За ваше сегашно и вечно добро, најдобро е целосно да му се посветите на она што е правилно, за да може светот да знае каде стоите. (Порака до младите, стр. 28. оригинал)