30 октомври – Бог е со своите слуги

„Биди силен и биди храбар? Не бој се и не плаши се, зашто каде и да тргнеш, со тебе е Господ, твојот Бог.“ (Исус Навин 1,9)

На човечките орудија им е доверена задачата за ширење на победата на крстот од место до место. Како глава на црквата, Христос авторитативно го повикува секого кој тврди дека верува во Него да го следи Неговиот пример на самопожртвување и самооткажување во работата за обратување на оние луѓе за чие уништување сатаната и Неговата голема војска ги напрегаат сите свои сили. Божјиот народ е повикан без одлагање да се собере под со крв извалканото знаме на Исуса Христа. Тој мора постојано да војува против непријателот, притискајќи ја борбата до портите. На секој кој преку обратување ќе им се придружи на Неговите редови треба да му се назначи одредена должност. Секој треба да биде подготвен да биде или да стори што и да било во оваа борба. Ако членовите на црквата се потрудат ревно да ја објават веста, ќе живеат во Господовата радост и ќе имаат успех. Одлучните напори секогаш доведуваат до победа.

Како посредник, Христос им го дава на своите слуги присуството на Светиот Дух. Силата на Духот ги оспособува човечките суштества да бидат претставници на Откупителот во делото на спасување на души. Ако сакаме да се соединиме со Христа во ова дело, мораме да подлегнеме на дејството на Неговиот Дух. Преку таа подарена сила ние ќе соработуваме со Господа со врски на слога, како Негови соработници во спасувањето на души. На секој кој без никакво притеснување ќе му се понуди на Господа за служба, дадена му е сила за постигнување на бескрајни резултати. Господ Бог е врзан со вечен завет да му даде сила и благодат на секој кој е посветен преку покорност на вистината. (Сведоштва за црквата, вол. 7, стр. 30.31. оригинал)

2 декември - Божјата љубов е неизмерна како небесата
1 декември - Што е човекот?
30 ноември - На Божјиот народ му е ветено излевање на Светиот Дух
29 ноември - Стариот Израел е пример за Божјата грижа
28 ноември - Напредок ветен на остатокот
27 ноември - Извршувањето на Неговата волја осигурува напредок
26 ноември - Нека биде добро на оние што Те љубат
25 ноември - Тој ќе го избави сиромавиот
24 ноември - Нашиот Создател ќе нè откупи
23 ноември - Откупување од гробот

Pin It on Pinterest