30 ноември – На Божјиот народ му е ветено излевање на Светиот Дух

„И никогаш веќе не ќе го кријам лицето од нив, зашто Мојот Дух го излеав врз Израелевиот дом’- зборува Господ Бог.“ (Езекиел 39,29)

Сѐ додека Христос живее во срцето на човекот, не е можно да се скрие светлината на Неговото присуство, ниту пак таа светлина може да ослаби или да се угасне. Напротив, таа од ден на ден сѐ повеќе ќе блескоти додека маглата на себичноста и на гревот што ја обвива душата не исчезне пред светлите зраци на Сонцето на правдата. (Патријарси и пророци, стр. 134. оригинал)

Христос на својата Црква ѝ ветил дар – Светиот Дух – и тоа ветување ни припаѓа и нам колку и на првите ученици. Има многу такви кои веруваат и тврдат дека имаат право на Господовото ветување; тие зборуваат за Христа и за Светиот Дух, но од тоа немаат никаква корист. Тие не им ја покоруваат својата душа на божествените сили да ја водат и да управуваат со неа… Духот им се дава само на оние што понизно го чекаат Бога, што очекуваат Негово водство и милост. (Копнежот на вековите, стр. 672. оригинал)

Ветувањето за дарот – за Светиот Дух – не е ограничено ниту на една епоха, ниту на еден народ. Христос рекол дека божествената сила на Светиот Дух ќе почива врз Неговите следбеници сѐ до крајот. Од денот Педесетница, па сѐ до денес, Утешителот им е упатуван на сите кои целосно му се посветиле на Господа и на Неговата служба. Светиот Дух доаѓал како советник, просветител, водач и сведок на сите што го примиле Христа како личен Спасител. Живеејќи во подлабока тесна врска со Бога, верниците сѐ појасно и посилно сведочеле за љубовта и за спасоносната милост на својот Откупител. (Делата на апостолите, стр. 49. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest