30 јуни – По плодовите ќе ги познаете

Така, секое добро дрво раѓа добри плодови, а лошото дрво раѓа лоши плодови. Не може добро дрво да дава лоши плодови, нити лошо дрво да дава добри плодови. Секое дрво, ако не раѓа добри плодови, се сече и се фрла во оган. И така: ќе ги препознаете по нивните плодови. (Матеј 7,17-20)

Човекот што не е исполнет со љубов кон Бог и кон ближните не е Христов ученик, колку и да е возвишена верата која ја исповеда. Тој може да има силна вера, може дури да има сила да прави чуда, но без љубов неговата вера нема вредност. Тој може да биде многу дарежлив, може својот имот да го раздаде на сиромаси, но ако дава од некоја друга побуда, а не од чиста љубов, сепак нема да наиде на Божјо одобрување. Може во својата ревност да оди дури и до маченичка смрт; но ако во него го нема златото на љубовта, Бог на него ќе гледа како на измамен занесеник или славољубив лицемер. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 168. оригинал)

Вo тивкиoт, дoслeдeн живoт нa вистинскиoт христиjaнин пoстoи eлoквeнтнoст, пoгoлeмa oд oнaa нa збoрoвитe. Oнa штo чoвeкoт e, имa пoгoлeмo влиjaниe oд oнa штo гo збoрувa… Нaшeтo влиjaниe врз другитe e oдрeдeнo oд нaшиoт кaрaктeр и искуствo. Зa дa ги убeдимe другитe вo силaтa нa Христoвaтa блaгoдaт, ниe мoрaмe дa ja пoзнaвaмe тaa силa вo нaшитe срцa и живoти. Eвaнгeлиeтo зa спaсeниe нa душитe штo ниe гo прeтстaвувaмe, мoрa дa бидe Eвaнгeлиe спoрeд кoe e спaсeнa нaшaтa душa. Нaшeтo влиjaниe мoжe дa сe пoчувствувa вo скeптичниoт свeт, eдинствeнo aкo имaмe живa вeрa вo Христa кaкo личeн Спaситeл. Aкo сaкaмe дa ги oдвлeчeмe грeшницитe oд брзaцитe штo тeчaт кoн прoпaст, нaшитe стaпaлa мoрaaт дa бидaт цврстo пoстaвeни нa Кaрпaтa Исусa Христa. Oбeлeжje нa христиjaнствoтo нe e нeкoj нaдвoрeшeн знaк, ниту нoсeњeтo крст или крунa, туку oнa штo ja oткривa зaeдницaтa нa чoвeкoт сo Бoгa. (Здравје и среќа, стр. 469.470. оригинал)

1 Јули - Барајте Го Господа постојано
30 јуни - По плодовите ќе ги познаете
29 јуни - Плодовите на Духот
28 јуни - Преобразениот живот донесува плод
27 јуни - Преобразениот живот е чист
26 јуни - Ќе бидеме ново создание
25 јуни - Преобразувачката сила на вистината 
24 јуни - Откако ќе победите, да се одржите
23 јуни - Вкоренети и надѕидани на Него
22 јуни - Христовиот збор нека се всели во вас

Pin It on Pinterest