30 јули – Упатувајте му похвала на Господа

„Ќе Го благословувам Господа во секое време, Неговата пофала секогаш ќе ми биде во устата!“ (Псалм 34,1)

Зар сето ваше верско искуство треба да се состои во барање и примање? Зар секогаш треба да мислиме на нашите потреби, а никогаш на благодетите што ги примаме? Треба ли да бидеме приматели на Неговата милост, а притоа никогаш да не покажуваме благодарност кон Бога, и никогаш да не го славиме за тоа што го направил за нас? Ние премалку се молиме, но сме премногу штедливи кога треба да се заблагодариме. Кога повеќе би го славеле и фалеле Бога за Неговата љубов, нашите молитви би биле многу поделотворни. Во нас би имало повеќе Божја љубов и ние сѐ повеќе би го славеле. Вие што се жалите дека Бог не ги слуша вашите молитви, треба да ги промените истите и во нив да внесете и благодарност. Кога ја имате во предвид Неговата добрина и милост, ќе согледате дека и Тој ќе има предвид кон вашите желби.

Молете се, молете се сесрдно и без престанување, но не заборавајте ја благодарноста. Секое Божјо дете е должно да го велича. Вие можете да го славите Господа, можете да ја покажете силата на Неговата поддржувачка благодат. Има многу луѓе кои не ја ценат големата Божја љубов, ниту божественото сочувствување на Исуса. Иладници луѓе дури покажуваат презир кон неспоредливата благодат која е откриена во планот на откупувањето. Овој предмет не им е целосно јасен ниту на оние кои се учесници во големото спасение. Тие не негуваат благодарни срца.

Меѓутоа, планот на откупување е она во кое сакаат и ангелите да продрат, бидејќи тоа ќе биде песна и наука на искупените низ бескрајните времиња на вечноста. Зар тоа не е вредно за грижливо размислување и проучување? Зар не треба да го фалиме Бога со срцето, телото и душата „за чудесата Негови што им ги направи на синовите човечки“ (Псалм 107,8). (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 317.318. оригинал)

31 јули - Благодарете за сè во молитва и со песна
30 јули - Упатувајте му похвала на Господа
29 јули - А јас ќе Го повикам Бога
28 јули - Неговото име е свето
27 јули - Наутро ќе Ти се молам
26 јули - Ќе Го повикувам во сите мои дни
25 јули - Примерот на Павле
24 јули - Бидете постојани во молитвата
23 јули - Ќе истраеме во молитвата
22 јули - Размислувајте за делата на Неговите раце

Pin It on Pinterest