30 август – Тој станал наш Првосвештеник

„Затоа Тој мораше во сè да личи на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите на народот.“ (Евреите 2,17)

Како посветен првосвештеник Тој посредува за својот народ. Како верен пастир Тој го собира своето стадо во сенката на Семожниот, во цврсто и сигурно прибежиште. Сега нему му претстои конечна битка со сатаната и Тој оди да ја прифати. (Копнежот на вековите, стр. 680. оригинал)

Така и Христос, големиот Првосвештеник, повикувајќи се пред Отецот на својата крв пролеана за грешниците, го носи во своето срце името на секоја душа која се кае и верува. (Патријарси и пророци, стр. 351. оригинал)

Како и Арон, кој симболички го претставувал Христа, нашиот Спасител во Светилиштето ги носи имињата на сите припадници на својот народ на своето срце. Нашиот Првосвештеник си спомнува за сите зборови со кои нѐ храбрел да му веруваме. Тој секогаш го има на ум својот завет. (Христови параболи, стр. 148. оригинал)

Христовото дело – посредувањето за луѓето – е претставено со убавото пророштво на Захарија за Оној „чиешто име е Никулец“. Пророкот вели: „Тој ќе создаде Светилиште Господово и ќе се прослави. Тој ќе седи и ќе владее на престол, а до него на престол ќе седи свештеник.“ (Захарија 6,12.13)… Како свештеник, Христос сега седи со Отецот на неговиот престол (Откровение 3,21). На престолот со Вечниот, кој има во себе живот, седи Оној кој „ги понесе нашите болести и ги зеде на себе нашите немоќи”… Неговото посредување се темели на Неговото прободено и скршено тело и на Неговиот безгрешен живот. Ранетите раце, прободените ребра и прикованите нозе зборуваат во прилог на паднатиот човек чиешто спасение е откупено со толку безмерно висока цена. (Големата борба, стр. 415.416. оригинал)

    

12 септември - Трезвеност, побожност 
11 септември - Чиста совест
10 септември - Искреност
9 септември - Одлуката на ученикот
8 септември - Ќе Му служиме на Господа
7 септември - Бог сака скрушено срце
6 септември - Служи Му на Бога доброволно
5 септември - Откажете се од сè заради Него
4 септември - „Ги свртувам нозете мои“
3 септември - Кој има добра желба?

Pin It on Pinterest